Хали Бери (59) се вери со дечкото, по три разводи: „Ми се смачи да ме жалат дека сум кутра и немам среќа во љубовта“

„Не е точно дека кажав НЕ, секако дека ќе се омажам за него. Во минатото, по 3 разводи, сите мислеа дека нешто не е во ред со мене, ме сожалуваа и велеа – Види ја кутрава нема среќа во љубовта“ – рече Хали Бери во гостување кај Џими Фалон и го покажа „малиот“ прстен со кој дечкото ја запросил.

hali-beri-59-se-veri-so-dechkoto-po-tri-razvodi-mi-se-smachi-da-me-zhalat-deka-sum-kutra-i-nemam-srekja-vo-ljubovta-01.jpg

Хали Бери (59) и нејзиниот дечко Ван Хант (55) се свршени по 6 години врска, која започна во периодот на корона пандемијата.

Изминатиот период имаше написи кои тврдеа дека во јуни таа одбила понуда за брак од партнерот, па сега во гостување кај Џими Фалон, разјасни.

„Има некоја конфузија дека мојот дечко ме запросил, а јас сум кажала НЕ. Но тоа не е така. Не реков НЕ.

hali-beri-59-se-veri-so-dechkoto-po-tri-razvodi-mi-se-smachi-da-me-zhalat-deka-sum-kutra-i-nemam-srekja-vo-ljubovta-02.jpg

Едноставно немаме датум, но секако дека кажав дека ќе се омажам за него. Тој ми стави и мал прстен“ – рече таа, а Џими на шега додаде: „Да, да баш е мал...“

Актерката го покажа огромниот златен прстен со уникатен правоаголен дизајн и впечатлив дијамант во средината.

hali-beri-59-se-veri-so-dechkoto-po-tri-razvodi-mi-se-smachi-da-me-zhalat-deka-sum-kutra-i-nemam-srekja-vo-ljubovta-03.jpg

Погледнете го видеото:

„По мојот трет развод, луѓето почнаа да велат – Што не е во ред со неа? Луда е, не може да задржи маж.

Престанав да давам интервјуа пред една деценија бидејќи се изморив од истата приказна.

Секогаш беше - Кутрата Хали, несреќна во љубовта повторно. А јас постојано се расправав - Кој вели дека сакам да задржам маж ако мажот не е вистинскиот?

Сега сум во најдобрата врска во животот“ – изјави Бери.

hali-beri-59-se-veri-so-dechkoto-po-tri-razvodi-mi-se-smachi-da-me-zhalat-deka-sum-kutra-i-nemam-srekja-vo-ljubovta-06.jpg

Инаку ова ќе биде четврти брак за Хали Бери – таа се разведе од првиот сопруг Дејвид Џастис во 1997 по три години брак, со пејачот Ерик Бенет го прекина бракот по две години во 2005-та, а беше венчана и со Оливиер Мартинез од 2013 до 2016 и со него го доби синот Макео.

Бившиот на Хали Бери мета на критики откако кажа зошто се развеле: „Не готвеше и не чистеше, а јас сакав домаќинка“

Хали имаше и 5-годишна врска со моделот Габриел Обри, која заврши скандалозно во 2010 со битка за старателство за нивната ќерка која наскоро ќе стане полнолетна.

Татко ѝ ја малтретирал, по разводот со првиот сопруг се обидела да се самоубие – Факти за Хали Бери

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg