Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено
- Детали
- сабота, 08 ноември 2025
Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разведат. Сега, пак, извори блиски до нив велат дека се заедно, но живеат во одвоени домови. Детали за најчудниот брак во Холивуд.

Бракот на Вил Смит и Џејда важи за еден од почудните во светот на славните.
Одат заедно на настани, иако велат дека се разделени, а негираат дека имаат отворен брак, без разлика што Џејда призна дека извесен период се гледала со многу помлад дечко.
И Вил и Џејда честопати го коментираат нивниот брак, но со нивните изјави создаваат повеќе забуна отколку што разјаснуваат нешто.
И покрај сето ова, тие се заедно скоро три децении, што го прави нивниот брак уште почуден.
Што знаеме за нивната љубов?
Се запознаа додека Вил беше во брак со друга жена
Вил и Џејда се запознаа на сетот на серијата Fresh Prince of Bel-Air, каде тој ја имаше главната улога.
Тој период, актерот беше во брак со актерката Шири Зампино. Откако се разведоа во 1995-та, Вил веднаш ѝ се јавил на Џејда за да ја покани на состанок.
Наводно, таа го одбила, но Вил ѝ рекол:
„Кул, значи сега сме пар“.
И, ова функционирало.
Се венчаа откако Џејда остана бремена
Џејда не сакала да се венчаат, но сепак се премислила откако останала бремена со нивното прво дете.
„Никогаш не сакав да се венчам. Но, мајка ми ми рече дека морам.
А, и Вил сакаше семејство, па си реков дека можеби треба да се венчам“, изјави Џејда во интервју за People.
Се шпекулираше дека Џејда го изневерила со Марк Ентони
Во 2011 година, почна да се шпекулира дека Џејда имала афера со Марк Ентони. Тој период, пејачот беше во брак со Џеј Ло.
Бидејќи гласините не стивнуваа, Вил и Џејда дадоа заедничка изјава:
„Иако не сакаме да одговараме на озборувања, гласините за нашата врска се потполно лажни. Ние уште сме заедно и бракот не ни се растурил“.
Се шпекулираше и дека имаат отворен брак
До 2013 година, веќе се зборуваше дека Вил и Џејда имаат отворен брак.
Ова следуваше по изјавата на Џејда дека Вил може да прави што сака, сè додека самиот може да се соочи со тоа.
Па, Џејда реши да разјасни што се случува со Фејсбук објава:
„Сега ќе си ја променам изјавата… Вил и јас можеме да правиме што сакаме бидејќи си веруваме.
Ова не значи дека имаме отворена врска, туку дека нашата врска е зрела“.
