Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено

Се зборува дека ќе се разведуваат уште од 2015-та

Во интервју со Хауард Стерн од 2015-та, Џејда изјави:

„Јас не сум жена која верува дека еден маж не може да го привлекуваат други жени. Тоа не е реалистично.

А, само затоа што вашиот партнер го привлекува друга жена, не значи дека не ве сака. И, не значи дека ќе направи нешто со неа“.

Истиот период се зборуваше и дека Вил и Џејда ќе се разведуваат, на што актерот изјави:

„Во нормални околности, не реагирам на вакви глупости. Но многу луѓе ми искажаа сочувство, па морав. Џејда и јас не се разведуваме!

Ви ветувам дека ако некогаш одлучам да се разведам од мојата кралица, се колнам дека ќе ви кажам самиот“.

chudniot-brak-na-vil-i-dzhejda-pinket-smit-vo-emisija-mu-kazha-deka-go-izneveri-zhiveat-odvoeno-04.JPG

Џејда отиде на настан со нејзиниот љубовник

Во 2017 година, кога јавноста уште не знаеше за неверството на Џејда, таа се појави на BET наградите со нејзиниот љубовник.

Август Алсина е 21 година помлад од Џејда, а се дружи со син ѝ, но ова не ја спречило да се гледа со него.

Во 2020-та, токму тој прв откри дека имал афера со Џејда, тврдејќи дека тогаш бракот со Вил им бил отворен.

„Јас всушност разговарав со Вил поради трансформацијата на нивната врска за која и самите зборуваа… Посветив години од мојот живот на таа врска и имам многу љубов за Џејда“.

Август тврдеше и дека добиле благослов од Вил за да се гледаат.

Неполн ден подоцна, портпаролот на Џејда изјави дека сè што кажал Август е измислица.

chudniot-brak-na-vil-i-dzhejda-pinket-smit-vo-emisija-mu-kazha-deka-go-izneveri-zhiveat-odvoeno-06.JPG

Џејда сепак призна за аферата

Во нејзината емисија Red Table Talk додека гостин ѝ беше сопругот Вил, Џејда потврди дека имала афера.

„Одлучивме дека извесен период ќе се разделиме и дека ти ќе откриеш што те прави среќен, како и дека јас ќе откријам што ме прави среќна.

Оттаму, како што минуваше времето, се впуштив во друг вид врска со Август. Да, очигледно, тоа беше врска“, му рече таа на актерот.

Сепак, Џејда истакна дека не побарала дозвола до Вил и тој не им дал никаков благослов.

Додек Џејда го кажуваше ова, Вил плачеше.

chudniot-brak-na-vil-i-dzhejda-pinket-smit-vo-emisija-mu-kazha-deka-go-izneveri-zhiveat-odvoeno-08.JPG

Џејда откри дека со години биле разделни

По шлаканицата на оскарите од 2022 година, јавноста повеќе почна да се фокусира на чудниот брак на Вил и Џејда, додека репутацијата на актерот настрада.

Сепак, тие тврдеа дека овој инцидент им покажал дека заедно можат да надминат сè, иако и двајцата сметаа дека шлаканицата сепак бил погрешна.

Но, веќе следната година, во 2023-та, Џејда издаде мемоари во кои откри дека се разделени.

И тоа, тие биле разделени уште од 2016 година бидејќи се измориле од обидите да ја спасат врската.

Џејда изјави дека криеле од јавност бидејќи не биле подготвени да кажат, но и дека инцидентот на Оскарите им помогнал да го подобрат односот.

„Таа година не ни планирав да одам на Оскарите, но сега ми е мило што бев. Инцидентот го нарекувам ’света шлаканица‘ бидејќи од него излегоа многу позитивни работи.

Во моментот кога сè се руши, сфаќате кои навистина сте. Со години се прашував дали би го напуштила Вил, но таа шлаканица ме натера да видам дека никогаш не би го оставила“.

chudniot-brak-na-vil-i-dzhejda-pinket-smit-vo-emisija-mu-kazha-deka-go-izneveri-zhiveat-odvoeno-03.JPG

Наводно сега Вил и Џејда се заедно, но живеат одвоено

Вил и Џејда честопати споделуваат заеднички фотки, особено со нивните деца, но сега не ја коментираат нивната врска толку многу.

Сепак, извори блиски до нив велат дека се задно:

„Заедно се, но со години живеат во различни домови. Наречете ја нивната врска како што сакате – си живеат одвоени животи, но истовремено се во контакт“.

chudniot-brak-na-vil-i-dzhejda-pinket-smit-vo-emisija-mu-kazha-deka-go-izneveri-zhiveat-odvoeno-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg