Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флертуваше“
Гарт, во интервју кажача дека врската меѓу неа и актерот не завршила откако серијата престанала да се емитува во 2000 година, но дека нејзината вистинска љубов кон Лук исчезнала кога почнал вистинскиот живот без него.
„Целата таа конфузија остана зад мене. Тој се ожени, јас се омажив и станавме навистина добри пријатели.
Тоа за нас двајцата беше само глупав сон. Но, моето тинејџерско јас навистина веруваше во тоа дека сме заљубени“, кажала таа.

54-годишната Гарт, која има три ќерки со поранешниот сопруг Питер Фачинели, кажала и дека нејзината „љубовна врска од серијата влијаеле на нејзиниот сопствен поглед на љубовта“.
„Мојот лик беше заплеткан во многу љубовни триаголници. Дури и Брендон ја изневери Кели. Од сите луѓе - Брендон Волш!
Па имаше многу пораки од типот: ‘Ризично е да се сака, опасно е да се сака некој’. Затоа го живеев мојот живот прилично претпазливо во светот на врските. Сè додека не открив дека ни тоа не функционира за мене.“

Гарт се осврнува и на смртта на Пери, кој почина од мозочен удар на 52-годишна возраст во 2019 година.
„Губењето на Лук ме потресе до срж“, пишува таа во книгата.

Додека ги гледала вестите за неговата смрт на телевизија, таа вели дека се чувствувала парализирана, неспособна за ништо.
„Не сакав да зборувам. Беше премногу големо за да се разбере, до разорно за да се прифати“, раскажала таа.

Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело