Зошто некои се убедени дека Елен Деџенерис има куру – болест која се пренесува со канибализам?
Куру е ретка невродегенеративна болест која е фатална и за која нема лек.
Првпат била забележана во раните 1950-ти, кај народ од Папуа Нова Гвинеја кој практикувал канибализам.
Како дел од нивните погребни церемонии, тие го јаделе мозокот на починатата личност и така си ја пренесувале болеста едни на други.
Болеста е предизвикана од приони – абнормални протеини кои се наоѓаат во мозокот.
Иако не содржат генетски материјал овие абнормални протеини можат да ја нарушат структурата и на другите, околни протеини во мозокот, а со тоа да предизвикаат оштетување.
Поради ова, куру е нарекувана „прионска болест“.
Кога луѓето од Папуа Нова Гвинеја го консумирале мозокот на личност со куру, тогаш си ја пренеле болеста и на себе.
Штом надлежните го откриле коренот на проблемот, погребната церемонија била спречена, па овој народ не практикува канибализам уште од 1960-тите.
Но, и многу години подоцна биле забележувани случаи бидејќи периодот на инкубација може да биде многу долг.
Болеста куру предизвикува промени во мозокот и нервниот систем и е слична како болеста кравјо лудило што се појавува кај кравите.
Симптомите на куру вклучуваат болки во рацете и нозете, сериозни проблеми во координацијата, главоболка, отежнато голтање и грчење на мускулите.
Отежнатото голтање може да доведе и до гладување.
Но, не е познато дека болеста предизвикува слепило, па изгледот на очите на Елен Деџенерис дефинитивно не е доказ дека таа има куру.
Просечниот период на инкубација е од 10 до 13 години, но биле забележани случаи каде што траел и повеќе од 50 години.
Како што веќе спомнавме, нема лек за болеста, а смртта обично настапува околу една година по појавувањето на симптомите.
Спирова С. | Црнобело