„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“
„Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. Затоа што мојот план за Нова година не е луда журка. Мојот план е: пижами, убаво јадење и добар филм. Без мрзнење, турканици, чекање такси...“

Кача од Србија е мајка на две момчиња, која споделува детали од нејзиното секојдневие на Инстаграм профилот @ZbunjenaMama.
Сега, Кача искрено откри како планира да ја помине новогодишната ноќ во топлината на својот дом.

Таа вели:
„Додека другите прават планови каде до зори, ние правиме договор со каучот, ќебенцето и порано легнување.
Нема честитки точно на полноќ, ама има мир.
Нема лудо „незаборавно“ излегување, ама има тишина.
И искрено… мене тоа сега ми е сосема доволно. Затоа што сум во таа животна фаза. Ако и ти си во тимот „Порано славам, порано спијам“ - добредојде!“

Нејзината објава, во која многумина ќе се пронајдат:
„Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома.
Затоа што мојот план за Нова година не е луда журка.
Мојот план е: пижами, врзана коса, убаво јадење и добар филм.
Децата ќе заспијат. Можеби и ние ќе заспиеме.
Телевизорот уште работи. Далечинскиот управувач е тука некаде.
Нема турканици. Нема мрзнење. Нема чекање такси. Нема болка во нозете од високи потпетици.
И знаеш што?
И ова е провод!
Го правам тоа со години. Не е фаза. Не е криза на идентитет.
Јас сум родител.
И ова моментално ми е најубавиот можен дочек.

Бидејќи утрото на 01.01 кога моите малечки ќе се разбудат и ќе ги отвораат подароците, замислувајќи како Дедо Мраз во текот на ноќта дошол, е единственото што ми е навистина потребно за овие празници.
Ако славиш во пижами и заспиваш пред полноќ... Добредојде во клубот“.
С. С. | Црнобело
