Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ендру Госден

Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на училиште. Па, вистинска мистерија е зошто на 14-ти септември 2007 година решил да го прескокне училиштето, да извади 230 евра од банкомат и да отиде во Лондон со воз, од каде што му се губи секаква трага.

izvadil-200-evra-kupil-bilet-za-london-i-ischeznal-detali-za-chudnoto-ischeznuvanje-na-14-godishniot-endru-gosden-01.jpg

Во 2007-ма, 14-годишниот Ендру Госден без да им каже на родителите извадил пари од банкомат, купил билет за воз до Лондон и исчезнал.

До денес никој не знае зошто тинејџерот сакал да оди во Лондон ниту што му се случило или каде точно исчезнал.

Експертите немаат апсолутно никаков одговор, иако низ годините биле споделени неколку теории за неговата судбина.

Најчудно во целата ситуација е што Ендру не бил проблематично дете – напротив, важел за добар и примерен ученик.

izvadil-200-evra-kupil-bilet-za-london-i-ischeznal-detali-za-chudnoto-ischeznuvanje-na-14-godishniot-endru-gosden-08.JPG

Што знаеме за чудниот случај?

Ендру Госден потекнува од британскиот град Донкастер, а имал и сестра.

Бил близок со неа, а наводно ја делеле љубовта кон рок и метал музика.

izvadil-200-evra-kupil-bilet-za-london-i-ischeznal-detali-za-chudnoto-ischeznuvanje-na-14-godishniot-endru-gosden-10.JPG

Ендру сакал да чита и неговата интелигенција била изразена уште од најрана возраст. Впрочем, и на училиште одел во паралелка за надарени деца.

Ова значи дека бил и добар ученик, а според некои извори, немал ниту еден изостанок.

Сите наставници имале добро мислење за него и биле сигурни дека ќе стигне до некој престижен факултет, како Кембриџ.

izvadil-200-evra-kupil-bilet-za-london-i-ischeznal-detali-za-chudnoto-ischeznuvanje-na-14-godishniot-endru-gosden-4.JPG

Како што имаат откриено неговите родители, Ендру бил интровертно дете и уживал во своето друштво, но сепак имал и мала група пријатели.

Иако можеби бил и срамежлив, неговите родители велат дека не гледале некакви знаци дека бил малтретиран на училиште.

Па, ни нив не им е јасно зошто на 14-ти септември 2007 година решил да купи билет за Лондон, без да им каже што било.

Утрото родителите на Ендру отишле на работа и очекувале тој да оди на училиште.

izvadil-200-evra-kupil-bilet-za-london-i-ischeznal-detali-za-chudnoto-ischeznuvanje-na-14-godishniot-endru-gosden-02.JPG

Кога се вратиле, не бил во својата соба, но неговата униформа била оставена на столот од бирото.

Па, помислиле дека се вратил од училиште, но излегол.

izvadil-200-evra-kupil-bilet-za-london-i-ischeznal-detali-za-chudnoto-ischeznuvanje-na-14-godishniot-endru-gosden-05.JPG

Почнале да се јавуваат кај неговите соученици и тогаш дознале дека не само што не е со никој од нив, туку и дека воопшто не отишол на училиште – нешто што се немало случено никогаш претходно.

Родителите на Ендру немале поим што правел цел ден.

Знаеле само дека си го зел паричникот, клучевите од дома и преносна контрола за видеоигри. Сепак, не го зел полначот за конзолата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава