Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ендру Госден
Забележале и дека Ендру ги извадил сите пари од неговата банкарска сметка – 200 фунти (околу 230 евра).
Неговите родители се надевале дека ќе се врати, но деновите минувале, а од Ендру не добиле ни повик.
Неколку недели по неговото исчезнување, полицијата допрела до безбедносна снимка од железничката станица King’s Cross во Лондон.
И, дури тогаш сфатиле дека детето отпатувало до британската престолнина. Пристигнал во Лондон кратко пред пладне, на истиот ден кога излегол од дома.
Полицајците претпоставиле дека купил билет во еден правец, но што му се случило потоа, до денес останува мистерија.
Снимката од безбедносната камера е последен пат кога некој го видел Ендру.
Нормално, за исчезнувањето на Ендру има бројни теории – од киднапирање, до самоубиство – но нема доволно докази за ниту една од нив.
Дента кога Ендру пристигнал во Лондон, во градот имало концерт на 30 Seconds to Mars. Бидејќи тој го сакал бендот, некои мислат дека можеби сакал да оди на концертот, но по пат се изгубил или му се случило нешто.
Некои се убедени и дека на фотки од концертот во публика може да се види Ендру.
Исто така, во Лондон гостувал и познатиот метал бенд HIM, па постои претпоставка дека можеби сакал да ги види нив.
И полицијата ја разгледувала оваа теорија, но немаше ниту еден доказ што ја потврдува.
Што се однесува до таткото на Ендру, тој мисли дека отишол во Лондон на изложба.
„Можеби звучи смешно, но Ендру беше многу интелигентен, а пред да исчезне, зборуваше за музеј во Лондон за Тутанкамон во Британскиот музеј. И, беше заинтересиран“.
Веројатно претпоставувате дека нема никаков доказ ни за оваа теорија.
Во декември 2021 година случајот како да тргнал од „мртва точка“ откако двајца мажи биле уапсени под сомнение за киднапирање и трговија со луѓе.
Двајцата мажи на возраст од 38 и 45 години биле приведени во врска со исчезнувањето на Ендру. Но, по двегодишна истрага, било утврдено дека не се вклучени во случајот.
Тогаш надлежните изјавија дека истрагата уште е отворена, иако до денес не е откриено апсолутно ништо.
Неговите родители сепак велат дека не губат надеж и дека не се откажуваат од потрагата.
Спирова С. | Црнобело