8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра
Петра, Валентина, Николина, Леона... За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња и нивната симболика, која генерално означува „силна“.

Доколку ви требаат идеи за женски имиња, можеби ќе ви се допадне некое од овие со моќно значење.
Некои се често користени кај нас, други се поуникатни и невообичаени за наше поднебје, но можеби ќе ви се послужат како инспирација.
Заедничко на сите им е тоа што нивното значење е „силна, храбра или моќна“, па сигурно би сакале вашето девојче да носи такво име.
Неколку идеи од кои може да се инспирирате во продолжение:
Габриела – нежно и женствено, со значење „божја сила“, а симболизира храброст
Андреа – изведено од грчкиот збор „andreia“, што означува храброст и симболизира дух на борец
Петра – женска верзија на Петар, што значи „карпа“ и симболизира цврстина и постојаност
Валентина – нежно и романтично име кое доаѓа од латинскиот збор „valens“, што значи „силна / здрава“
Леона – изведено од латинскиот збор за лав – симбол на храброст, заштита и водач, како лавиците
Николина – женска верзија на грчкото име Никола, што значи „победа на народот“, а во себе носи борбеност
Валерија – име кое има латинско потекло од зборот „valere“ – што значи да се биде силен, здрав и моќен
Матилда – име кое означува „моќна во борба“, борбено име со кралска нота и силно значење
М. М. | Црнобело
