Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај нас)

Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат со специјален систем за подно греење кој е мошне ефикасен.

ne-pravat-nova-zgrada-bez-parking-i-ushte-6-detali-od-zhivotot-vo-juzhna-koreja-shto-se-podobri-od-kaj-nas-01.jpg

Начинот на живот во Јужна Кореја се разликува во многу аспекти од нашето секојдневие.

А, како една од најразвиените земји во светот, можеме да научиме многу од Корејците.

Кога се во прашање нивните домови, особено во градовите, навистина се одлично организирани и иако можеби на места се натрупани, секогаш владее некаков ред.

Детали од животот во Јужна Кореја:

Ретко викаат гости

Кај нас одењето на гости е дел од секојдневието и повеќето луѓе викаат гости во домот барем еднаш неделно.

Но, во Јужна Кореја, особено во поголемите градови, викањето гости е вистинска реткост.

За повеќето Корејци, домот претставува личен и интимен простор кој не сакаат да го делат со други.

Па, најголем дел од дружбите се надвор – во ресторани, во паркови, во кафетерии…

ne-pravat-nova-zgrada-bez-parking-i-ushte-6-detali-od-zhivotot-vo-juzhna-koreja-shto-se-podobri-od-kaj-nas-02.JPG

Прават огромни згради

Јужна Кореја е густо населена држава, па затоа им се дава предност на облакодерите со повеќе од 20 ката.

Притоа, секогаш ги градат плански и во склоп на секој облакодер има маркет, пекарница, болница, градинки…

ne-pravat-nova-zgrada-bez-parking-i-ushte-6-detali-od-zhivotot-vo-juzhna-koreja-shto-se-podobri-od-kaj-nas-03.JPG

Добрата вентилација и големиот мијалник се задолжителни во секој дом

Корејците уживаат да готват, па кујната им е една од најважните простории во домот.

Бидејќи користат свежи намирници, во повеќето домови има големи мијалници, со доволно простор за миење садови и храна.

Исто така, важна е и вентилацијата – корејската храна може да има силен мирис, а вклучува и многу варење.

Интересно е што Корејците ретко печат храна, па во многу домови, особено помалите, воопшто нема рерни.

ne-pravat-nova-zgrada-bez-parking-i-ushte-6-detali-od-zhivotot-vo-juzhna-koreja-shto-se-podobri-od-kaj-nas-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg