8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците

Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било, се лажете бидејќи само изгледате како некултурна и невоспитана личност.

8-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-01.jpg

Сигурно сте читале или гледале нешто за бројните бонтон правила што ги следи британското кралско семејство.

Но, генерално, сите Британци се познати по своите манири – постои и шега дека тие го измислиле чекањето во ред.

Па, ако сакате да делувате како културна, учтива и воспитана личност и да им покажете почит на другите, може да научите нешто од нив.

Осум британски бонтон правила што сите треба да ги применуваме:

Секогаш бидете точни

Потрудете се секогаш да бидете точни. Некогаш е во ред да задоцните 10-тина минути, но не дозволувајте да биде повеќе од тоа.

Секако, може да се случи и нешто непредвидливо што ќе ве задржи. Во тој случај, веднаш јавете се и најавете дека ќе доцните.

Но, важно е да биете искрени – немојте да викате дека ќе дојдете за 10 минути, кога знаете дека ќе ви треба најмалку половина час.

8-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-02.JPG

Кажувајте „те молам“, „благодарам“ и „извини“

Ова се зборови што ни ги кажуваат уште од најрана возраст и важно е да ги користиме.

Иако се во прашање мали зборови, прават огромна разлика во тоа како ве перципираат другите.

8-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-03.JPG

Не ги одолговлекувајте разговорите и не поставувајте лични прашања

Кога ќе сретнете некој на улица, немојте да го задржувате со долги разговори.

Исто така, избегнувајте да поставувате лични прашања, без разлика колку долго ја знаете личноста.

Никој не е должен да ви кажува кога ќе има дете, зошто е сингл и дали се скарал со некој од семејството. Ваквите прашања ве прават многу неучтива личност.

Притоа, немојте да споделувате ни премногу лични работи за вас и да почнете да се жалите.

8-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-04.JPG

Немојте однапред да ја сечите целта храна

Кога јадете во друштво, многу покултурно изгледа ако го сечете секој залак посебно.

Немојте да ја исечете целата храна одеднаш и да ја изедете многу брзо.

Не само што е делувате како личност со манири, туку овој начин на јадење ќе ви даде и време за разговор со друштвото. И, ќе јадете побавно, што е многу подобро за дигестивниот систем.

8-bonton-pravila-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-britancite-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава