8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците
Кога ќе ви дојдат гости, веднаш понудете ги со пијалак
Штом некој ќе ви дојде на гости, веднаш понудете го нешто за пиење, дури и ако не планира да остане долго.
Не носете цвеќе кога одите на гости
Ако ве поканат на вечера, во ред е да покажете внимание со подарок, но немојте да купувате букет цвеќе кој ќе заврши во ѓубре.
Многу подобро е да донесете пијалак, како убаво вино, или бонбониера. Обично ова се подароци што можат да се искористат веднаш, со гостите.
Секако, ова не важи ако одите на роденден или слично, каде треба да однесете соодветен подарок за тоа.
Почитувајте го личниот простор на другите
Кога сте на јавен простор, мора да ги земете предвид луѓето околу вас. Па, немојте да им „дишете“ во врат и држете дистанца.
Истото важи и кога ќе сретнете некого – ако не ви е многу близок, доволно е само да се ракувате. За многу луѓе, прегратките се непријатни, па не ги ставајте во неудобна положба.
И, додека разговарате, пак почитувајте го нивниот личен простор.
Не одете преку ред
За жал, кај нас ова е сериозен проблем.
Ако на касата има метеж, немојте да се правите досетливи и да пробувате да се протнете преку ред. Ако чекате да влезете во автобус, не се „тепајте“ да бидете први и оставете прво да излезат патниците, па потоа влезете.
Без разлика дали сте во банка, во пошта, во болница, никогаш не одете преку ред бидејќи со ова изгледате како некултурна и невоспитана личност.
Спирова С. | Црнобело