Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)?
„Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните оценки, туку за она што тие навистина сакале да го прават“.

Како што созреваме, се менуваат нашите вредности и работите што ги сметаме како важни.
Ако некогаш ви било важно да излезете, да се дружите и да се забавувате, сега можеби ви е важно добро да го воспитате вашето дете или да ја добиете работата од соништата.
Во иднина ќе се промените и ќе ви бидат важни сосема други работи.
Бидејќи постарите искусиле многу од животот, корисник на Редит ги прашал кои се работите што се навистина важни.
Дел од најдобрите одговори во продолжение:
„Не треба да се загубите во вашата листа со обврски и цели и на крај да заборавите да го живеете животот“.
„Важно е да одмарате колку што ви е потребно. Јас постојано брзав, правев сто работи одеднаш и не застанував. Потрошив толку многу време работејќи и брзајќи. На крај, навистина не беше неопходно“.
„Имам 64 години. Важни се луѓето во мојот живот. Предметите што ги имам, искрено, и не се толку важни.
Најгорда сум на миговите кога сум го направила вистинскиот избор, дури и кога другите ме советувале дека грешам“.
„Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните оценки, туку за она што тие навистина сакале да го прават“.
„Не се важни раскинувањата во вашите тинејџерки години и 20-тите. Да, ќе бидат болни, но ќе пораснете и ќе најдете некој подобар. Не е крај на светот“.
„Важно е да учите! Постојано учете бидејќи ќе почнете да ги заборавате работите што не ги користите. Учете нови зборови, учете како да си поправате работи низ домот, учете нови рецепти“.
„Важно е што вие мислите за себе, а не што другите мислат за вас“.
„Важно е да минувате време со семејството. Како што стареете, ќе почнете да сфаќате дека можете да ги изгубите саканите во секој миг“.
„Она што е навистина важно е да се грижите за вашето тело. Очите, забите, зглобовите, кожата, но и менталното здравје. Почнете што е можно порано“.
„Важно е да се опкружете со добри луѓе. Заборавете на оние токсичните, кои лажат, мамат и ве повредуваат и исполнете си го животот со луѓе кои се грижат за вас. Сето останато само ќе си дојде на место“.
„Важно е да бидете умерени. Можете да уживате во скоро сè ако сте умерени. Но, ако претерате, без разлика дали со храна, алкохол, работа или што било друго, кога-тогаш ќе чувствувате последици“.
„Како што стареам сфаќам дека никој не помни што имало во моето резиме и колку успешна сум била. Луѓето помнат како се чувствувале покрај мене“.
Спирова С. | Црнобело