Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај нас)
Имаат уникатен систем на затоплување на домовите
Во Јужна Кореја не користат клима уреди, греалки или радијатори за затоплување на домовите. Наместо тоа, во повеќето домови има вид подно греење, познато како ondol.
Системот го сочинуваат цевки поставени под подот, низ кои минува жешка вода. Водата, пак, се загрева со бојлери на природен гас.
Ретко реновираат
Додека кај нас луѓето едвај чекаат да си го уредат домот штом ќе го купат, Корејците го избегнуваат ова.
Повеќето од нив преферираат да се вселат во веќе уреден стан во кој има барем уредена кујна и средена бања.
Кога еднаш ќе се вселат, ретко реновираат бидејќи во Јужна Кореја ова може да ги чини цело богатство.
Не прават нови згради без паркинг
Кај нас, особено во Скопје, паркингот претставува сериозен проблем, особено откако се изградија многу згради без паркинг место.
Но, во Јужна Кореја новите згради секогаш се прават со паркинг, најчесто подземен. Некогаш подземните паркинзи имаат и до шест ката.
Нормално, постојат постари згради кои не се изградени со паркинг, но за секоја нова, задолжително е да се направи и простор за паркирање.
Градењето е строго контролирано
Уште една огромна разлика од кај нас – во Јужна Кореја не можете да изградите зграда каде било.
На пример, во Сеул има област позната како „зелен појас“ каде што никако не смеат да се градат високи згради.
Ако некој сака да направи куќа или низок објект, сепак мора да исполнува низа услови, а и самото градење е строго контролирано од надлежните.
Спирова С. | Црнобело
