„Ме разведе жена, а не сегашниот дечко“ – Марија Микиќ повторно проговори за новата љубов
- Детали
- вторник, 24 март 2026
Откако се проширија гласини дека новиот дечко на Марија е адвокатот што ја развел од Јован, таа појасни: „Не кријам ништо, не е дека внимавам каде одам по градот, живеам најнормално, но не објавувам ништо на социјалните мрежи. Инаку, мене ме разведуваше женa, не знам зошто луѓето кажуваат лаги и кога ќе престанат со тоа“.

Српската пејачка Марија Микиќ, минатата година се разведе од својот сопруг Јован, со кого има две деца.
Сега, таа изгледа повторно е среќна во љубовта, откако неодамна, во емисија на Огњен Амиџиќ, суптилно потврди дека е во врска.
Откако водителот ја праша дали е вистина дека е во врска со адвокатот што ја развел од Јован, во видеото кое го објавија на Инстаграм таа вели:
„Луѓе, како што тој го разбира мојот јавен професионален живот, така и јас го разбирам неговиот, кој не е јавен“, изјави таа, додавајќи дека ќе се потруди нивната врска да остане далеку од очите на јавноста.

По оваа изјава, таа во кратко интервју со српските медиуми, разјасни дека изјавата е извадена од контекст и дека не е објавен делот во кој појаснува дека всушност адвокатот што ја има разведено е жена.
„Мислам дека е подобро да го чувам овој дел за себе. Не кријам ништо, не е дека внимавам каде одам по градов, живеам најнормално, но не објавувам ништо на социјалните мрежи.
Можам уште еднаш да кажам, во емисијата, односно во видеото на Инстаграм некој поинаку го измонтирал тоа.
Мене ме разведуваше жена адвокат, не знам зошто луѓето кажуваат лаги и кога ќе престанат со тоа“.
Инаку, republika.rs, по оваа изјава на Марија, објави дека имаат ексклузивна информации за тоа кој е нејзиниот нов љубовен партнер.
Наводно станува збор за дечко кој доаѓа од успешно адвокатско семејство – тој е адвокатот Стефан Ј., а неговиот татко е исто така познат и ценет адвокат.
Иако нивната романса е од неодамна, тие всушност имаат долга историја.
„Дечкото на Марија е адвокатот Стефан Ј. Марија и Стефан се знаат повеќе од 20 години, а имаат и заеднички пријатели“ – открил изворот за Република.
Погледнете го цело интервју со Марија:
М. М. | Црнобело
