Марија Шерифовиќ со синчето на одмор – ужива на плажа во Котор, во луксузен ресорт со поглед на заливот
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
Марија Шерифовиќ објави фотка од плажа со синчето Марио, но и од погледот кој го има од луксузниот ресорт во кој престојува, со поглед кон Которскиот залив, каде една ноќ чини околу 500 евра и напиша: „Нова адреса за летни спомени“.

Марија Шерифовиќ летово долг период престојуваше во Бали, каде дојде и нејзиниот син и уживаа заедно во рајски убавини.
По краткото враќање на работните обврски во Србија, пејачката повторно замина на нова дестинација, овој пат поблиску.
Таа за семеен одмор со синчето го одбра Котор во Црна Гора, а престојуваат во ресортот со 5 ѕвезди, Movenpick Teuta, кој се наоѓа на сама плажа и нуди прекрасен поглед кон Которскиот залив.

Хотелот има надворешен базен, повеќе барови, спа центар, а собите се луксузно уредени.
Марија сподели неколку фотки од одморот, на една од нив го прегрнува синчето Марио на плажа, а на другите го покажа прекрасниот поглед од хотелот.
„Мек песок на стапала, Бока Которска на хоризонтот и неговата насмевка. Ова ни е новата адреса за летни спомени“ - напиша во описот на фотките.


М. М. | Црнобело