Марија Шерифовиќ на одмор со синот – носат исти шорцеви на плажа, јаде домашна компир манџа

„Какво море и луксуз без компир манџа“ – напиша Марија на фотографијата од традиционалниот српски ручек кој го зготвила (таа или мајка ѝ) за време на летувањето, а сподели и дека носат исти шорцеви за капење со синот Марио. Пејачката ужива на долг летен одмор.

marija-sherifovikj-na-odmor-so-sinot-nosat-isti-shorcevi-na-plazha-jade-mandja-namesto-morski-specijaliteti-01.jpg

По низа концерти во Белград и регионот, но и веста дека ја напушта улогата како жири во „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ замина на летен одмор.

Таа не крие дека ѝ годи одморот по напорниот период, а веќе 10-тина дена повремено објавува фотки на Инстаграм.

Дестинацијата, како и секогаш, не е позната, освен дека е веројатно некаде во Шпанија, но споделува со фановите како си поминува, како ужива, па и како се храни.

marija-sherifovikj-na-odmor-so-sinot-nosat-isti-shorcevi-na-plazha-jade-mandja-namesto-morski-specijaliteti-03.jpg

И додека многумина би очекувале само морски специјалитети и луксузни јадења, таа сподели и традиционална трпеза во дворот на сместувањето, со компир манџа и леб.

„Ма какво море и луксуз без компир манџа“ – напиша таа во описот на фотографијата.

marija-sherifovikj-na-odmor-so-sinot-nosat-isti-shorcevi-na-plazha-jade-mandja-namesto-morski-specijaliteti-02.jpg

На одморот ја придружува нејзината мајка Верица, а накратко ја посети и нејзиниот полубрат Данијел Павловиќ, кој објави видео како шета со неа.

@danijelpavlovicmusic

SVJESNI NISTE STA VAS CEKA 😂🩷 @Marija Serifovic #danijelpavlovic #marijaserifovic #tridana #bratisestrasvakako #fyp

♬ The Benny Hill Show - The Edwin Davids Jazz Band

Последно, пејачката објави фотографија од себе покрај море, но и заедно со синот, како се држат за рака и носат исти шорцеви за капење.  

„Кога се роди, знаев стопати дневно да изговорам – Мали мој, каде ќе одиме сега јас и ти? Каде понатаму?

И како поминуваат деновите, ми станува појасно...

Овие мали, несигурни, но наши чекори – се поважни и поголеми од сите патишта кои досега сум ги одела. Мојот компас“ – напиша таа во описот на фотката со Марио.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg