На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај, Севе брате“

„Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите начини да ме спречи да бидам мајка, па и со забрана за фотографии“, се пожали во една пригода Севе, а летово собра храброст ѝ објави фотографија со него, а сега има и нов хит во кој пее за сите недораснати мажи и ја нагласува силата на жените.

na-severina-i-trgna-vo-zhivotot-go-pokazha-liceto-na-sinot-objavi-nova-hit-pesna-vo-nejzin-stil-01.jpg

Северина Вучковиќ, во јули по пауза од неколку години, објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа лицето на нејзиниот син Александар.

Тие двајца позираа насмеани, а таа во описот напиша: „Мојот убав ангел“.

Следеа бројни коментари од следбениците на Севе:

„Конечно мајката може да објави слика со својот син без да му го прекрива лицето. Голем си, Господе! Нема посилна сила од мајчината љубов“.

„Убав, паметен и љубезен на мајка си“.

„Тоа, Севе! Храбро напред“.

Како што е познато, поранешниот сопруг на Северина, Милан Поповиќ, претходно издејствува судска забрана таа да не објавува фотографии од лицето на Александар на социјалните мрежи.

Досега таа се придржуваше до забраната и објавуваше фотографии на кои лицето на детето беше „заматено“ или Александар беше сликан од грб.

na-severina-i-trgna-vo-zhivotot-go-pokazha-liceto-na-sinot-objavi-nova-hit-pesna-vo-nejzin-stil-03.jpg

Северина за ова се пожали во една пригода:

„Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите начини да ме спречи да бидам мајка, па и со забрана за фотографии“.

Сега, покрај средувањето на ситуацијата на приватен план, Северина реди успеси и на професионален план.

na-severina-i-trgna-vo-zhivotot-go-pokazha-liceto-na-sinot-objavi-nova-hit-pesna-vo-nejzin-stil-04.jpg

Таа објави нова песна со заразен ритам во нејзин стил, а новиот сингл има специфичен наслов „Пумпај, Севе брате“.

na-severina-i-trgna-vo-zhivotot-go-pokazha-liceto-na-sinot-objavi-nova-hit-pesna-vo-nejzin-stil-06.jpg

Песната сака да им ја нагласи силата на жените, нагласувајќи ги машките слабости.

Северина испраќа порака до сите што мислат дека жената не знае што сака – дека знае, и тоа гласно, јасно и со ритам што удира директно во срце.

na-severina-i-trgna-vo-zhivotot-go-pokazha-liceto-na-sinot-objavi-nova-hit-pesna-vo-nejzin-stil-05.jpg

Самата Северина е авторка на текстот и во него таа крева глас против пасивни, лажни и недораснати мажи, носејќи го ритамот на Балканот.

Слушнете ја новата песна на Северина:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео... „Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Тви...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg