Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“

„Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги враќав кај нивните жени и им велев: „Мајмуне, врати се дома, пораките праќај ѝ ги на својата жена...“, вели скандалозната Јована Јеремиќ и додава дека 70% од мажите страдаат од импотенција.

jovana-jeremikj-mnogu-zheni-svekji-treba-da-mi-palat-im-gi-prakjav-mazhite-nazad-domaa-01.jpg

Водителката Јована Јеремиќ е позната како еден од најконтроверзните ТВ ликови во Србија, а сега таа искрено проговори за некои свои приватни ставови.

Таа проговори за периодот кога, по разводот од Воислав Милошевиќ, ѝ приоѓале зафатени мажи.

jovana-jeremikj-mnogu-zheni-svekji-treba-da-mi-palat-im-gi-prakjav-mazhite-nazad-domaa-06.jpg

Прочитајте „Моето прво семејство“ - Јована Јеремиќ позира со бившиот сопруг, неговата ќерка oд првиот брак и нивната заедничка ќерка

Јована откри како реагирала кога ѝ се додворувале оженети мажи.

„Многу жени треба да ми палат свеќа во црква затоа што им ги зачував браковите.

Да сакав, можев да растурам многу бракови во Србија.

jovana-jeremikj-mnogu-zheni-svekji-treba-da-mi-palat-im-gi-prakjav-mazhite-nazad-domaa-02.jpg

Тоа не го сакав бидејќи имам женско дете и потекнувам од такво семејство каде што тоа се гледа како некој вид проклетство.

Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе.

jovana-jeremikj-mnogu-zheni-svekji-treba-da-mi-palat-im-gi-prakjav-mazhite-nazad-domaa-04.jpg

Јас ги враќав кај нивните жени и им велев: „Мајмуне, врати се дома, пораките праќај ѝ ги на својата жена, што имаш мене да ми ги праќаш, јас сум разведена жена, сакам да се омажам и да имам уште деца?! Ти врати се кај својата жена и научи да ја почитуваш жената што ја имаш дома“.

jovana-jeremikj-mnogu-zheni-svekji-treba-da-mi-palat-im-gi-prakjav-mazhite-nazad-domaa-03.jpg

Таа неодамна отворено зборуваше и за машките комплекси за кои смета дека потекнуваат од креветот.

„Од каде потекнуваат најголемите комплекси кај мажите? Од креветот – импотенцијата.

70% од мажите страдаат од импотенција, било директна или индиректна.

jovana-jeremikj-mnogu-zheni-svekji-treba-da-mi-palat-im-gi-prakjav-mazhite-nazad-domaa-05.jpg

Мажите имаат големи проблеми со тоа и сите комплекси всушност започнуваат од креветот“.

Инаку, импотенција е неспособност кај мажот да постигне или да одржи ерекција доволна за сексуален однос.

jovana-jeremikj-mnogu-zheni-svekji-treba-da-mi-palat-im-gi-prakjav-mazhite-nazad-domaa-07.jpg

Kликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
„Бившите ни рекоа дека нема да си најдеме маж со нашиот патолошки однос“ – Сестрите Беквалац се фала... „Двете од своите бивши партнери сме слушнале иста реченица – ‘Нема да најдете ма...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...
Српски ватерполист е срцекршач - Ѝ беше бивши на Ана Кокиќ, па се ожени и разведе со друга пејачка Oд бракот со српската пејачка Ана Кокиќ има две ќерки, а од втроиот брак со Мили...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg