Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во нејзиниот автомобил
- Детали
- среда, 26 ноември 2025
„Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отворив преградата пред совозачот, а таму имаше куп ЦД-ња. Почнав да ги превртувам и меѓу нив го здогледав мојот диск. Ѝ велам: 'Чекај, па ти ме слушаш мене!’ Малку се двоумев околу нас, но кога го видов ЦД-то знаев дека тоа е тоа“, рекол Жељко за почетокот на љубовта со Јована.

Пејачот Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга, водителката Јована, се во брак 13 години и важат за еден од најскладните парови на српската јавна сцена.
Но, нивните почетоци биле многу турбулентни, особено што Жељко не бил воопшто сигурен дали сака да влезе во врска со 9 години помладата Јована.
Се запознаа во 2008 година, кога беа водители на Евровизија во Белград и меѓу нив веднаш се јавиле симпатии.

Но, пејачот, кој зад себе веќе имал еден развод, во едно интервју призна дека не бил сигурен дали треба да почне врска со Јована или не.
Тоа што му го сменило мислењето и го убедило дека треба да биде со неа, било ЦД со негови песни.

„Кога се запознавме, еднаш ме возеше со автомобилот и се сеќавам дека имаше баш некој добар автомобил.
Се возиме, а јас од љубопитност ја отворив преградата пред совозачот, а таму имаше куп ЦД-ња без никаков натпис.
Почнав да ги превртувам и меѓу нив го здогледав мојот диск. Ѝ велам: 'Чекај, па ти ме слушаш мене!’ .
Тогаш ми беше јасно. Малку се двоумев околу нас, но кога го видов ЦД-то знаев дека тоа е тоа“, рекол Жељко.

Неколку години подоцна, тој ја запросил, и иако Јована рекла „да“, само 2 недели по веридбата тие раскинале.
„Секоја врска има подеми и падови, несогласувања и исклучително убави момент, па и нашата и најправилно би било да кажам дека некако на крајот нашата љубов самата се изгаси.
Се сложивме дека е така, разговаравме и донесовме одлука како зрели луѓе кои 3 години го делеле животот“, рекла Јована во тоа време.

Ни Жељко не сакал да коментира „од почит кон Јована“, како што рекол, и кажал дека нема конкретна причина за раскинувањето на свршувачката.
„Некои работи не може да функционираат како што сакавме двајцата, едноставно, почнавме да се разидуваме“, изјавил тогаш пејачот.

Парот брзо потоа се смири, и во 2012 година се венчаа на Малдиви, а потоа направија и свадба во Белград.

Прочитајте и Факти за Јована Јоксимовиќ - раскина свршувачка за Жељко Јоксимовиќ, па доживеа бајковита свадба со него на Малдиви
А. Ј. | Црнобело
