Сале Тропико, бившиот на Јована Пајиќ, за мозочниот удар: „Имав чувство дека има земјотрес, сè ми се нишаше“
- Детали
- среда, 01 април 2026
„Се паркиравме и со децата влеговме во трговскиот центар и им велам: „Дали има некаков земјотрес?“, тие ми велат: „Тато, дали си луд?“. Мене ми се нишаше сè, како на ролеркостер. Како некој да те кликнал на копче, центрифуга, како многу пијана состојба во четири наутро“, споделува фронтменот на „Тропико бенд“, за мозочниот удар што го преживеал пред неколку години.

Александар Цветковиќ, фронтмен на групата „Тропико бенд“, познат како Сале Тропико, ја изненади јавноста со признанието дека пред неколку години доживеал помал мозочен удар.
Откри дека му се слошило ден по враќање од море, додека влегувал во трговски центар со малолетните ќерки, кои ги добил од бракот со пејачката Јована Пајиќ.

По мозочниот удар веднаш реагирала Брзата помош.
Парот сега е разведен, а Сале има нова девојка.
Сале за мозочниот удар вели:
„Заспав на сонце и на силен ветер, со слушалки во ушите. Вечерта требаше да излеземе, мислев дека ќе умрам, си реков – ме удри сончаница.
Сепак, тоа помина тој ден, а следниот ден се вратив во Белград.

Отидов да ги земам децата од училиште, го отворивме кабриолетот малку, а надвор 38 степени, реков – луѓе, затворајте, ќе умрам!
Се паркиравме и влеговме во трговскиот центар и им велам: „Дали има некаков земјотрес?“, тие ми велат: „Тато, дали си луд?“. Мене ми се нишаше сè.

Влегувам и одеднаш – како ролеркостер. Како некој да те кликнал на копче, центрифуга, како многу пијана состојба во четири наутро.
Ништо не ме болеше. Сè ми беше добро, само што не можев да го составам видот.
Носев очила и ми вели Хелена: „Симни ги очилата“, ги симнав, вели дека очите ми се вртеле.
Дојде Брзата помош, ме прашуваат дали сум пиел, јас велам: „Не... Бев на сонце вчера, денес...
Прво се посомневаа на сончаница, бидејќи тоа се нуспојави. Отидовме таму, ми направија скенер и ми рекоа дека сум имал помал мозочен удар“.

Кај Сале вртоглавицата била првиот симптом на мозочниот удар.
Инаку, мозочниот удар е итна медицинска состојба која настанува кога мозокот не добива доволно крв. Затнат крвен сад или крварење во мозокот може да предизвика мозочен удар.
С. С. | Црнобело