Бившиот на Цеца (52) го прослави првиот роденден на синот и 30-тиот на сопругата во ист ден
- Детали
- вторник, 03 февруари 2026
Во 2021-ва година Богдан Срејовиќ стана познат како 10 години помладиот дечко на Цеца, со кого пејачката објавуваше вљубени фотки и ја изненади јавноста, но денес тој гради мирен семеен живот со 30-годишната мисица Јована Љубисављевиќ.

Богдан Срејовиќ , угостителот кој го привлече вниманието на јавноста кога стапи во врска со Цеца Ражнатовиќ (52) во 2021-ва година, веќе некое време ужива во семејниот живот со сопругата Јована Љубисављевиќ и синчето Јаков.


Сега тој им ги прослави родендените на своите сакани на сплав во Белград, а со Јована прославија и 3 години љубов.

Нивниот син Јаков имаше торта со омилениот цртан лик „Сунѓер Боб“.

Прославата ја збогати фактот дека истиот ден и Јована го одбележа својот 30-ти роденден.
„Јаков има 1, а мама 30“, напиша Јована во описот на фотографиите што ги објави на Инстаграм.
Инаку, Богдан и Јована иако се заедно само 3 години, тие се запознале уште за време на студиите.





