Сале Тропико за разделбата со Јована Пајиќ: „Ме болеа нејзините солзи, љубовта не треба да боли“

„Кога ќе дојде до развод на брак тоа е едноставно завршена приказна, но преживеавме. Децата се многу добри, со оглед на тоа што го преживеаја“ – вели Сале Тропико за поранешната Јована Пајиќ, која тврдеше дека ако не се развела, ќе полудела, бидејќи не личела на човек.

sale-tropiko-prvpat-za-razdelbata-so-jovana-pajikj-me-bolea-nejzinite-solzi-ljubovta-ne-treba-da-boli-01.jpg

Пејачот од Тропико бенд, Александар Цветковиќ, познат како Сале Тропико, беше во брак 14 години со пејачката Јована Пајиќ, со која се разделија по 10 години. 

Таа во изминатиот период имаше повеќе искрени исповеди на оваа тема и во една прилика рече дека ако не се развела, ќе полудела.

sale-tropiko-prvpat-za-razdelbata-so-jovana-pajikj-me-bolea-nejzinite-solzi-ljubovta-ne-treba-da-boli-03.jpg

Јована откри дека се решила да замине од семејниот дом, затоа што не сакала повеќе ќерките да ја гледаат таква. 

„Се разведовме на моја иницијатива, но беше многу тешко. Си помислив, ако некој ги праша децата како е мама, што ќе кажат? Дека седам дома во пењоар, со цигара и гледам низ прозорецот со празен поглед. Таа слика ме прогонуваше“, изјави пејачката во една прилика. 

Сепак, тие до неодамна уште беа официјално во брак, а Сале во гостување во Амиџи шоу откри: „Сега прославивме 14 години брак, наскоро ќе се разведеме“.

Неа често ја поврзуваат љубовно со Марија Шерифовиќ, а Сале има продолжено со љубовниот живот со нова девојка.

Јована Пајиќ, што ја поврзуваат со Шерифовиќ, за разводот: „Имав 40kg, бев во состојба на растројство, отидов под кирија“

Во ново интервју за српски Блиц, Сале по долги години молчење, се огласи на темата и накратко зборуваше за бракот и разводот.

„Љубовта знае да заболи, но сметам дека не треба да боли. Исто и за разводот. Не боли разводот.

Во тој момент боли некое изненадување, некоја неочекувана ситуација, можеби предавство, некој емотивен склоп и градација од некои неочекувани работи кои на човекот му се случуваат во еден момент, што те оставаат зачуден, тоа се тие работи што всушност болат.

sale-tropiko-prvpat-za-razdelbata-so-jovana-pajikj-me-bolea-nejzinite-solzi-ljubovta-ne-treba-da-boli-07.jpg

Кога ќе дојде до развод на брак тоа е едноставно завршена приказна, па кој ќе преживее ќе преживее, такви се тие работи.

Преживеавме, не е нешто страшно. Пробав. И понатаму постои љубов. Тоа е најважното нешто“ – открива тој на прашањето дали љубовта и разводот болат и како тој го преживеал тоа.

Во интервјуто тој зборува и за ќерките кои ги има со Јована, Хелена (14) и Џина (10).

„Тие се многу добри деца, и покрај сè што и самите преживеаја, многу добро функционираат.

Денес на родителите им е малку потешко од во минатото, светот е многу побрз.

Треба да бидеме пријатели со децата, да извлечеме информации од нив, со користење на мобилни телефони е многу поразлично.

Во суштина не им го проверувам телефонот, бидејќи мојот клауд е поврзан со нивните телефони па ги имам сите информации.

Се шегувам, не сум толкаво ѓубре. Ма да, некогаш сум. Имаме отворен однос каде вистината е на прво место, каква и да е“.

sale-tropiko-prvpat-za-razdelbata-so-jovana-pajikj-me-bolea-nejzinite-solzi-ljubovta-ne-treba-da-boli-06.jpg

Потоа тој беше директно прашан дали го болеле солзите на Јована, на што одговара:

„Па ме болеа, секогаш болат сечии солзи. Тоа се такви работи. Јас сум емотивен, чувствителен, грижлив човек кој секогаш гледал на семејството пред себе.

И во денешен момент така живеам. Секогаш мораме да ги гледаме блиските“.

sale-tropiko-prvpat-za-razdelbata-so-jovana-pajikj-me-bolea-nejzinite-solzi-ljubovta-ne-treba-da-boli-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Сале Тропико, бившиот на Јована Пајиќ, за мозочниот удар: „Имав чувство дека има земјотрес, сè ми се... „Се паркиравме и со децата влеговме во трговскиот центар и им велам: „Дали има н...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
„Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна... „Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од с...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...

Најчитани неделава