Јована Пајиќ, што ја поврзуваат со Шерифовиќ, за разводот: „Имав 40kg, бев во состојба на растројство, отидов под кирија“
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
„По разводот луѓето остануваат огорчени и тогаш децата стануваат панцири кои ги примаат најтешките удари. Не гледаат како сето тоа влијае врз децата, но јас сум разумна личност, никогаш не би си дозволила токсичната комуникација да продолжи и по бракот“, вели емотивно пејачката Јована Пајиќ за односот со Сале Тропико по разводот.

Пејачката Јована Пајиќ во повеќе пригоди во гостувања во српските емисии си ја отвори душата и говореше за еден од најтешките периоди во нејзиниот живот – разводот од музичарот Александар Цветковиќ, познат како Сале Тропико.
Таа и во гостување во подкастот „Сигурно место“ повторно ја спомена оваа тема.

Јована, која ја поврзуваат со Марија Шерифовиќ, со која го сними дуетот „Демони“, опиша како изгледал процесот на развод и со што се соочила.
Јована Пајиќ за разводот вели:
„Јас не се вратив кај мама и тато, излегов од мојот стан и со децата отидов да живеам како потстанар.
Имав среќа што моите пријатели ги завршија сите работи за мене, кои јас не бев во состојба да ги завршам.
Тие ми најдоа стан. Во тој момент имав 40 килограми, тоа е состојба на целосно растројство, беше премногу тешко.
Во еден миг во бракот доживеав да седам и да гледам во далечина, тоа не беше личност, тоа беше живот што се гаси.
И тогаш размислував - ако моите деца сега ме опишуваат, како би ме опишале - како жена со изгубен поглед, со цигара и голема шолја кафе, што не знае што ѝ било вчера, ниту што ќе ѝ биде утре.
Јас не сакам моите деца да ме доживуваат како личност што седи и чека да умре.
Можеби заради себе никогаш не би презела некои чекори, но заради нив морав“.