Сале Тропико и Јована Пајиќ не се разведени ни 4 години по разделбата: „Пред некој ден прославивме 14 години во брак“
- Детали
- среда, 03 декември 2025
Откако се разделија во 2021-ва за Јована се пишуваше дека е во љубов со Марија Шерифовиќ, а Сале најде нова девојка. Но, тој сега призна дека и понатаму е во брак со сопругата, иако сите мислеа дека се одамна разведени.

Александар Цветковиќ, фронтменот на „Тропико бенд“ познат и како Сале Тропико, ја изненади јавноста со признанието дека е и понатаму во брак со пејачката Јована Пајиќ, со која се раздели во 2021-ва година.
Првото изненадување за фановите на пејачот беше токму веста за разделбата со сопругата, со која важеа за заљубен пар, а од бракот кој траеше 10 години, добија две деца.

Но, уште поголемо изненадување за сите беше неговото признание дека иако се разделени одамна, тие и понатаму се во брак и не се формално разведени.
Сале гостуваше во Амиџи Шоу, каде што одговараше на прашања од публиката, а поголемиот дел од нив беа врзани со поранешната сопруга Јована.

„Дали се разведе или не?“ - го праша Огњен Амиџиќ, на што Сале кажа: „Не, и понатаму не, верувал или не“.
„Лажеш!“ е првата реакција на водителот.
„Еве, пред некој ден славевме 14 години во брак. Наскоро ќе се разведеме и официјално, но ние сме и понатаму венчани“, вели музичарот.

По разделбата со Јована, Сале почна нова љубовна врска, а таа, пак, се фокусира на кариерата и се посвети на двете ќерки.
За неа често се пишуваше дека е во љубовна врска со Марија Шерифовиќ, поради нивната блискост и бројните заеднички патувања.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Јована Пајиќ, што ја поврзуваат со Шерифовиќ, за разводот: „Имав 40kg, бев во состојба на растројство, отидов под кирија“
А. Ј. | Црнобело