„Бившите ни рекоа дека нема да си најдеме маж со нашиот патолошки однос“ – Сестрите Беквалац се фалат дека си се доволни една на друга

„Двете од своите бивши партнери сме слушнале иста реченица – ‘Нема да најдете маж додека имате таков патолошки однос’. Не беа во право, само не можеа да се справат со две сестри кои си пружаат безусловна љубов и поддршка“ - пишува Кристина Беквалац во опис на видео на кое со сестрата Наташа се смеат и уживаат во Црна Гора.

-bivshite-ni-rekoa-deka-nema-da-najdeme-dechko-so-nashiot-patoloshki-odnos-sestrite-bekvalac-se-falat-deka-si-se-dovolni-edna-na-druga-01.jpg

Наташа и Кристина Беквалац се едни од најпопуларните сестри на српската естрада, кои се многу блиски и функционираат како едно.

Ја имаат и најстарата сестра Драгана, но тие две се посебно неразделни, а освен што се приватно блиски, Кристина има голем удел и во кариерата на Наташа и е главна околу работните обврски на пејачката.

Сега Наташа и Кристина отпатуваа во Црна Гора, а Кристина, која е модна дизајнерка, објави видео на кое се смее со својата сестра и во описот сподели брутална вистина.

„Двете од своите бивши партнери сме слушнале иста реченица – ‘Нема да најдете маж додека имате таков патолошки однос’.

bivshite-ni-rekoa-deka-nema-da-najdeme-dechko-so-nashiot-patoloshki-odnos-sestrite-bekvalac-se-falat-deka-si-se-dovolni-edna-na-druga-02.jpg

Воопшто не мислам дека беа во право, само мислам дека не можеа да излезат на крај со тоа дека постојат сестри (жени) кои една на друга си пружаат безусловна љубов и поддршка, што имаат свој став, мислење и се автентични.

Што мислите вие за тоа? Има ли вистина во оваа изјава?“ – напиша таа.

Инаку, за љубовниот живот на Наташа, сите знаат дека е турбулентен и дека има богато и скандалозно минато.

Нејзината сестра пак, Кристина, беше во брак со Иво Мартиновиќ, со кого има две деца, но се разведоа.

По одреден период повторно си дадоа шанса, но ненадминливите разлики повторно ги разделија.

Сега нема информации за нови партнери во нивниот живот, а изгледа како самите да си се доволни една на друга.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава