Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени

Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупознати Србинки пронајдоа љубов со мажи кои ги ангажираа да работат за нив и да се дел од нивниот тим... Кои се тие?

poznati-srbinki-shto-zavedoa-mazhi-koi-im-bea-shefici-edna-se-omazhi-za-vozach-drugata-za-15-godini-pomlad-01.jpg

Кога со некого поминувате многу време, дури и тоа да е професионално, постои голема можност да се развие симпатија, дури и љубов.

Доказ за тоа се и неколку познати Србинки кои пронајдоа љубов со мажи на кои им беа шефици.

Кои се тие?

Теа Таировиќ се омажи за својот возач

Пејачката Теа Таировиќ годинава се омажи за Иван Вардај, кој ѝ беше и возач и телохранител.

Свадбата беше изненадување за јавноста, зашто Теа не зборувала многу за него, па и не се знае многу за Иван, иако сега веќе, секаде се појавува со неа.

poznati-srbinki-shto-zavedoa-mazhi-koi-im-bea-shefici-edna-se-omazhi-za-vozach-drugata-za-15-godini-pomlad-05.jpg

Прочитајте и Сите детали за свадбата на Теа Таировиќ - го додаде презимето на сопругот, раскошна венчаница со вел

Ана Николиќ во врска со својот возач

Откако пред неколку години се разведе од Стефан Ѓуриќ - Раста, Ана наводно почна врска со својот личен возач, Иван.

Кога се дозна за новата љубов, се пишуваше дека Ана и Иван се заедно веќе неколку месеци, а се коментираше дека Иван се однесувал кон неа како кон принцеза, ја мотивирал да ослабе бидејќи била доста здебелена.

Пред да почнат врска, се познаваа со години. Кога врската заврши, Ана никогаш јавно не коментираше за него и за причините поради кои не се заедно.

poznati-srbinki-shto-zavedoa-mazhi-koi-im-bea-shefici-edna-se-omazhi-za-vozach-drugata-za-15-godini-pomlad-06.jpg

Сара Јо со години е во љубов со нејзин танчар

Пејачката Сара Јо подолго време е вљубена во Жига Шотлар, танчар и кореограф од Словенија.

Тој играл во нејзините музички спотови и така ја започнале љубовната врска.

Тој и понатаму игра со неа на концертите и во спотовите, па парот и денес има и професионален и љубовен однос.

poznati-srbinki-shto-zavedoa-mazhi-koi-im-bea-shefici-edna-se-omazhi-za-vozach-drugata-za-15-godini-pomlad-02.jpg

Прочитајте и Танчар од Словенија, се запознале на социјални мрежи – Кој е згодниот дечко на Сара Јо?

Гоца Тржан се омажи за музичар од бендот

Гоца Тржан е во брак со Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од неа, а кого го запознала кога дошол да свири во нејзиниот бенд.

Пејачката одамна признала дека на почетокот го гледала само како некој со кого може да има секс, но потоа се вљубила во него.

Парот неодамна прослави 10 години во брак.

poznati-srbinki-shto-zavedoa-mazhi-koi-im-bea-shefici-edna-se-omazhi-za-vozach-drugata-za-15-godini-pomlad-04.jpg

Прочитајте и Гоца Тржан емотивна на прославата за 10 години брак со мажот кој ѝ е сè: „Никој не веруваше дека ќе истраеме - само ти ме разбираш“

Сека Алексиќ во брак со нејзиниот телохранител

Пејачката Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ се во брак 13 години и денес имаат еден од најхармоничните бракови во Србија.

А нивната љубовна приказна започна како во филмот со Витни Хјустон и Кевин Костнер - во 2009 година се појавија фотографии од црногорскиот брег, од кои можеше да се заклучи дека Сека се вљубила во својот телохранител.

Брзо потоа стапија во брак и имаат две деца.

poznati-srbinki-shto-zavedoa-mazhi-koi-im-bea-shefici-edna-se-omazhi-za-vozach-drugata-za-15-godini-pomlad-03.jpg

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна ... Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Утре се мажи Мелина Џиновиќ со милионерот од Монако - Кумата тргна натаму, гостите ќе доаѓаат со јах... Таа ќе се омажи за богатиот Англичанец Џефри Пол Арнолд Деј (70). Гостите на сва...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg