Гоца Тржан емотивна на прославата за 10 години брак со мажот кој ѝ е сè: „Никој не веруваше дека ќе истраеме - само ти ме разбираш“
- Детали
- вторник, 23 септември 2025
Гоца Тржан и 14 години помладиот Раша прославија 10 години брак на забава каде се прегрнуваат вљубено, се бакнуваат и танцуваат. Таа му напиша емотивна порака на сопругот: „Само ти го разбираш размазеното девојче и жеништето во едно пакување, само ти го сакаш кратконогиот и бесен чичко со бркови кој излегува од мене кога се чувствувам немоќно и бесно и нежно...“.

Гоца Тржан го запозна нејзиниот втор сопруг Раша Новаковиќ, кога тој имаше само 23 години, а таа 37.
Сепак, иако не сакала да му даде шанса бидејќи тој за неа бил детиште, тој бил упорен и го освоил нејзиното срце, по разводот од првиот сопруг Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена.
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа – Како 14 години помладиот Раша ја освоил Гоца Тржан?

Иако многумина, па дури ни самите, не верувале дека нивната љубов ќе трае, сепак тие сега слават 10 години брак, во кој успешно минале низ многу препреки, од кои една е борбата со неплодноста.
На 20-ти септември, Гоца ја одбележа 10-годишнината од брак со фотки од свадбата и напиша емотивна порака до својот сакан:
„И еве нè, точно пред 10 години на овој ден.... Ретко кој ни даваше и неколку години дека ќе издржиме, а пак баш 10 години, дури и мене ме воодушевуваат, бидејќи да ме издржи некој мене ваква, заслужува восхит.
Само ти го разбираш размазеното девојче и жеништето во едно пакување, само ти го сакаш кратконогиот и бесен чичко со бркови кој излегува од мене кога се чувствувам немоќно и бесно и нежно, како и емотивната жена кога се чувствувам најмоќно.
Сè си разбрал и успеа да ме охрабриш да се помирам со сите различности во себе.

И еве нè по 10 години, и понатаму сме семејство, побогати за една возрасна девојка, побогати за сите луѓе кои ги запознавме и можеме да ги наречеме пријатели, побогати за сета преболена тага и недостасувања, побогати за секое заедничко утро...

Знаеш дека мразам патетика, но имам потреба да ти се заблагодарам – за сè што правиш за нас како татко, сопруг, пријател и маж, за тоа што си секогаш различен и подобар и заради тоа што ти се восхитувам, за тоа што и јас секогаш сакам да бидам подобра.

Те сакам. Те сакам слободно. Нека ни е со среќа. Не сме лоши – 14 години заедно, а од нив 10 години брак.
Кој би рекол за вакви двајца лудаци... “
Тие прославиле во кругот на најблиските, а на социјалните мрежи се појавија видеа од нивниот вљубен танц за време на забавата.
На прославата Гоца е облечена во долг кафеав лелеав фустан, а Раша во фармерки и кафеава маица по кратки ракави.
Кликнете на видеата:
М. М. | Црнобело
