Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трогна“

„Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дека само се жалиме на работата! Застанав на паркинг кај Минхен за дневен одмор и баш кога легнав, некој тропа на вратата...“, ја започнува својата приказна Градимир Воркапиќ од Нови Сад.

vozach-na-kamion-od-srbija-veli-deka-raboti-preteshka-rabota-no-deka-edna-sluchka-na-pat-vo-minhen-go-trognala-01.jpg

Градимир Воркапиќ од Нови Сад, Србија, работи како возач на камион низ Европа и членува во групата „Возачи на камиони“.

Токму таму тој сподели еден убав гест кој му се случил за време на католичкиот Бадник / Божиќ.

vozach-na-kamion-od-srbija-veli-deka-raboti-preteshka-rabota-no-deka-edna-sluchka-na-pat-vo-minhen-go-trognala-02.jpg

Градимир вели дека во групата возачите постојано се жалат, па тој сака да прошири позитивна енергија со случката од која бил дел.

vozach-na-kamion-od-srbija-veli-deka-raboti-preteshka-rabota-no-deka-edna-sluchka-na-pat-vo-minhen-go-trognala-05.jpg

Градимир раскажува:

„Поздрав до сите колеги! Еве да објавам нешто убаво, да не биде дека само се жалиме на работата.

Застанав на паркинг кај Минхен за дневен одмор и баш кога легнав, некој тропа на вратата.

Ја поместувам завесата, очекувајќи некаков проблем, и гледам двајца мажи од 40–50 години и едно момче од 7–8.

Викаат „Merry Christmas“, а момчето се протега за да ми подаде една кеса до прозорецот. Го отворам прозорецот, им се заблагодарувам и им посакувам среќен Божиќ, а срцето ми заигра од милина!

Во кесичката имаше лименка сок, јаболко, мандарина, нес-кафе и некои слатки.

Исклучително убав гест — на Бадник, по снег, одат од камион до камион и сакаат да им го разубават денот на оние што тој ден не се со своето семејство.

Навистина има прекрасни луѓе кои со мали знаци на внимание даваат до знаење дека го ценат тоа што го работиме и дека некому, кого никогаш не сме го запознале, му е грижа за нас.

Среќен Бадник и Божиќ на сите колеги што празнуваат, а особено на оние кои во моментов се во камион!“

vozach-na-kamion-od-srbija-veli-deka-raboti-preteshka-rabota-no-deka-edna-sluchka-na-pat-vo-minhen-go-trognala-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg