Бурниот љубовен живот на Наташа Беквалац – беше во брак трипати, со првиот се изневерија, последниот ја претепа
- Детали
- недела, 19 октомври 2025
Во младоста се има иселено од дома за еден дечко па татко ѝ ја вратил назад, беше во врска со 20 години постар маж, додека првиот сопруг Данило беше во болница, се шпекулираше дека го изневерила со Новак Ѓоковиќ, а по последниот брак, во кој беше претепана, изјави дека веќе нема да се мажи - Кои се мажите кои ја освоија новосадската барбика низ годините?

Наташа Беквалац (45) долги години владее на музичката сцена во регионот, но таа е позната и по нејзиниот бурен љубовен живот.
Новосадската барбика, како што многумина ја нарекуваат, приватниот живот не го крие многу, а во минатото љубовно поле ѝ било честопати во фокус на јавноста.
Таа имала неколку големи љубови, од кои со тројца мажи стапи во брак, но се разведе, а во последниве години, наводно е сама и никој не го украл нејзиното срце.
Кои се мажите кои во минатото оставија длабока трага во нејзиното срце?
Една од првите големи љубови ѝ бил бизнисменот Лола Лаковиќ – на свои 18 години, во летото 1998 година се вљубила и си заминала од дома за да живее со него во Подгорица.
Оваа тинејџерска романса не била прифатена од нејзиното семејство, па татко ѝ отишол да ја убеди да се врати во Нови Сад.
Малку подоцна, на неполни 20 години, таа го запознала Миодраг Костиќ, бизнисмен од нејзиниот град, кој бил две децении постар од неа.
Со него останала во врска неколку години, на почетокот нејзините родители не се согласувале на ова и таа не разговарала со нив, но потоа омекнале.
Многумина тогаш пишуваа дека е со него за пари, а и покрај тоа што ѝ понудил брак, нивната љубов не успеала, па денес за него, кој веќе е покоен, вели дека ѝ бил најголем учител, но и мачител и му посвети песна во најновиот албум.
Наташа тешко ја поднела разделбата со Коле, па утеха наводно пронашла во актерот Сергеј Трифуновиќ, а брзо потоа се крена прашина во медиумите дека таа е во романса со пејачот Владо Георгиев.
Иако никогаш не го коментираа јавно тоа, се верува дека песната „Lazljiva“ ѝ ја посветил токму неа.
По овие романси, нејзината сестра ја запознала со ватерполистот Данило Икодиновиќ на нејзино инсистирање, а многу брзо потоа нивната љубов ја крунисаа со брак.
Во 2005-та тајно се венчале, а подоцна направија бајковита свадба во Сремски Карловци и по неколку месеци ја добија ќерката Хана.
Нивниот однос се искомплицирал по 2 години, кога Данило доживеа тешка сообраќајна несреќа.
Додека тој закрепнуваше се ширеа гласини дека таа го изневерила со Новак Ѓоковиќ, а две години подоцна, во 2011 се разведоа и како причина се наведуваа неверствата на Дачо.

