Љубовен скандал на Лука Дончиќ - Гласини за афера со Бресквица, криза во врската со свршеницата
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
„Ги лајкува фотките на моделот, ама не ставил лајк на фотка на свршеницата повеќе од една година. И сакате да ми кажете дека тоа е нормално?“, пишува Американец кој Бресквица ја опишува како манекенка, па ги разгоре гласините за љубовната афера на Дончиќ.

Една од најголемите ѕвезди на НБА во моментов, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, се најде во голем љубовен скандал.
Тој е наводно опседнат со српската пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица, чии фотографии ги лајкува постојано, а од друга страна е во заладен однос со својата свршеница Анамарија Голтед.

Според објава на Твитер, Американец тврди дека Дончиќ ѝ лајкува фотографии на Бресквица, а дека подолго време нема ниту еден лајк на фотографиите што ги објавува неговата свршеница.
Ова, според него, е знак на заладени односи на парот, кој е заедно околу 15 години.

Приказната за кризата во врската на Лука со мајката на неговите две деца тој ја дополнува со коментар дека за Денот на вљубените ниту Анамарија ни Лука не објавиле заедничка фотографија.
„Таа објави 40 фотки од своето ‘резиме на деценијата’, а тој не е во ниеден кадар“, пишува во објавата која предизвика бројни реакции.
За Бресквица, пак пишува дека е модел, а не пејачка, а наводната заинтересираност на Лука за неа ја правда со фактот дека тој активно го следи нејзиниот профил и доказ за тоа се лајковите.
„Ги лајкува фотките на моделот, ама не ставил лајк на фотка на свршеницата повеќе од една година и сакате да ми кажете дека тоа е нормално?“, пишува во коментарот.

„Лука има добар вкус“,
„Сигурно имаат разбирање со свршеницата дека кога е на пат смее да гледа... а можеби и да допре нешто“,
„Очигледно Лука и свршеницата раскинале“, се дел од коментарите на твитот кој има над еден милион прегледи.

Иако не постои потврда за аферата, или дека Дончиќ се допишува со Бресквица, таа пред неколку дена објави фотка од Њујорк ноќе, со што навести дека била во Америка, каде што живее Лука (иако тој е во Лос Анџелес).
Фото: Инстаграм
Според српските медиуми, Дончиќ не е единствениот кому му се допаѓа Бресквица.
Тие тврдат дека и српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ постојано ѝ „става срциња“ на објавите и дека сигурно пробува да го привлече нејзиното внимание.

Прочитајте и Ја сака од 12 години, фановите тврдат дека е со него за пари: Која е идната сопруга на Лука Дончиќ?
А. Ј. | Црнобело
