Бресквица го посети Охрид - Носи тренерка со обетки од 4.000€, плови со глисер по езерото
- Детали
- сабота, 18 април 2026
Српската пејачка, која секогаш е дотерана, овој пат избра спортски стајлинг, но го дополни со обетки од познатиот бренд Van Cleef & Arpels и скапи очила.

Младата српска пејачка Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица, за велигденскиот викенд беше во Македонија.
Таа го посети нашиот бисер, Охрид, а на Инстаграм сподели неколку фотографии додека со глисер плови по езерото, но и од посетата на Свети Наум.

За оваа пригода Бресквица избра поспортски стајлинг - носи топ во комбинација со тренерка, но и скапи аксесоари.
Пејачката се реши за очила Yves Saint Laurent, кои на официјалната страна на сајтот се продаваат за 520 евра, а обетките се од познатиот бренд за накит Van Cleef & Arpels.


Станува збор за колекцијата Vintage Alhambra, чија вредност е помеѓу 4.000 и 5.000 евра.
Бресквица доби коментари дека е прекрасна, но и понуда од нејзините фанови да посети некои локали во градот и да се дружи со нив.
Погледнете ги фотографиите:







А. Ј. | Црнобело