На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада месечно?
- Детали
- сабота, 11 април 2026
„Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и сум родител кој им помага на своите деца, а затоа ми се доволни 1.200 до 1.400 евра“, изјавил Аца Лукас.

Мирослав Илиќ неодамна ја изненади јавноста кога изјави дека месечно, за пристоен живот, му требаат околу 3.000 евра.
Тој за себе вели дека е тешка, но скромна личност и дека не е заинтересиран да се дружи со колегите од естрадата кои постојано се фалат со „авиони и камиони“, па дека има само неколку вистински пријатели од јавната сцена.
Мирослав Илиќ
Коментарите на Мирослав Илиќ за „скромен живот“ беа критикувани откако тој изјави дека му требаат 3.000 евра месечно за пристоен живот.
„Не сакам да се фалам со тие работи. Отсекогаш сум ги презирал приказните за авиони, камиони, јахти и такви работи.
Нормално е дека ќе го имаш ако го сакаш, работиш и заработуваш. Сметам дека никој не треба да се меша во туѓата имотна состојба.
Јас сите овие години работев и заработував пари, па без разлика и да земаме, секогаш ни е малку.
За моите потреби, околу 3.000 евра месечно се доволни. Кога ќе платиш за ова, за она, купуваш ова или она, и на крај ти останува доволно за пристоен живот“, вели тој.

Радиша Трајковиќ - Џани
Радиша Трајковиќ - Џани месечно троши трипати повеќе - барем така тврди неговата сопруга, Слаѓа, која рекла дека тие не можат да замислат месец без 10.000 евра, а надоврзувајќи се на изјавата на Мирослав.
„Ма какви 3.000 евра, тоа само ако се грее на дрва. Само толку ми требаат за сметки.
Минимум даваме 10.000 евра - четири стана, значи сите сметки, струја, потоа плати, фирма, придонеси... Нашите трошоци се огромни“, рекла таа.
Откако во јавноста почнале негативни реакции на нејзината изјава, таа решила да објасни што точно мислела.
„Луѓето не разбраа што мислев кога го кажав тоа. Џани заработуваше добри пари, земавме кредити, плаќаме школување за децата, стигна и бебе во семејството.
Не јадеме кавијар и не се расфрламе. А би сакала 3.000 евра месечно да ни бидат доволни.
Никој не работи во семејството во моментов! Со Џани им помагаме на нашите синови и ја издржуваме нашата ќерка, која има 15 години“, рекла таа.

Кија Коцкар
Кија Коцкар, некогашната учесничка во реално шоу и поранешна пејачка, вели дека кога не работи троши малку.
Таа своевремено изјавила дека некогаш ѝ се случува да потроши само околу 20.000 динари месечно (околу 10.000 денари).
„Моите обврски за станот се околу 8.000 динари, телефонот варира бидејќи имам неограничен пакет. За гориво ми требаат 4.000 динари бидејќи ретко одам некаде. Што се однесува до храната, можам да живеам со леб цел месец, но да речеме просек бидејќи често си подготвувам сама, ми требаат 8.000 динари.
Тоа значи 20.000 динари без телефон, за да можам да ги платам обврските, храна за фрижидерот и гориво. Тоа е минимумот со кој можам да живеам. Ова е само за мене, за со семејството ми треба повеќе“, рекла таа.

Аца Лукас
За разлика од Коцкар, Лукас има поголеми трошоци, затоа што има четири деца на кои им помага.
„Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и сум родител кој им помага на своите деца, а затоа ми се доволни 1.200 до 1.400 евра“, рекол тој.

Сузана Манчиќ
Сузана Манчиќ пред короната трошела 2.000 евра, но и сега вели дека има поголеми трошоци, затоа што дава и за своите две ќерки, а има и домашни миленици.
„Реков дека ми требаат минимум 2.000 евра и стојам зад тоа, но сега ситуацијата е таква што сум среќна ако имам 2.000“, кажала најпознатата лото девојка.

А. Ј. | Црнобело
