Наташа Беквалац без влакна на јазик: „Би била интимна со Саша Ковачевиќ, да не му ја познавам сопругата“
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2025
„Ако на Саша Ковачевиќ не му ја познавав прекрасната жена, можеби евентуално би одбрала секс, а со Девито брак“ - вели Беквалац на предизвик во емисија, а на истата игра, неодамна Саша Ковачевиќ изјави: „Ната секако би била во опција и брак и секс, ама нека оди секс“. Пејачот е на листата на можни бивши партнери на Наташа, но двајцата никогаш не потврдиле нешто такво.

Наташа Беквалац периодов е многу активна во медиумите, по повод промоцијата на новиот албум која се случи пред неколку недели, постојано е на гостувања и дава интересни изјави.
Таа е позната по тоа што нема влакна на јазик и отворено зборува за својот љубовен живот, кој дефинитивно е бурен и богат.
Бурниот љубовен живот на Наташа Беквалац – беше во брак трипати, со првиот се изневерија, последниот ја претепа
Во листата со поранешни партнери, секогаш се наоѓа и Саша Ковачевиќ, иако се непотврдени шпекулации и двајцата никогаш не потврдиле некаква романса меѓу нив.
Тие се блиски колеги, а кога неодамна пејачот ја запроси својата сакана Зорана, пејачката меѓу првите му коментираше пресреќна за вестите.
Пред одреден период таа гостуваше во радио емисија, во која беше испровоцирана да одбере јавни личности од естрадата со кои би била интимна, со кои би стапила во брак или на кои би им дала корпа.
Во еден од круговите на играта, беа понудени Саша Ковачевиќ, фотографот Душан Петровиќ и Девито.
„За Душан Петровиќ корпа. Ако на Саша Ковачевиќ не му ја познавав прекрасната жена, можеби евентуално секс, а со Девито би одбрала брак.
Конечно и јас еднаш добро да се омажам“ – искрено и низ смеа вели Наташа, а кога ѝ кажаа дека Девито е оженет, таа одговара: „Па знам, ама што сега...“

Погледнете го видеото:
Неодамна и самиот Саша беше гостин во истата емисија и ја доби задачата да одбере со кои од понудените дами би избрал „секс, брак или кафе“.
„Мајче ми е другарка добра, омажена за мој другар, па ќе биде кафе. Махрина ми е така за брак, со мирна енергија. А Милица нека биде секс“ - вели тој на понудените Маја Беровиќ, Махрина и Милица Павловиќ.

Кога водителката му кажа дека и Милица го одбрала него за истото, тој со насмевка на лицето се пошегува:
„А што е најдобро, живееме во комшии, знаеш колку реално би било тоа...“
Во другиот круг, тој исто така ја доби Беквалац, а ја одбра за истото што и таа него.
„Теа Таировиќ за кафе, без оглед на тоа што е и тоа како атрактивна девојка, одиме на карта дека се омажи. Ната секако би била во опција и брак и секс, ама нека оди секс. А Сенида останува за брак“.

Изгледа дека Саша и неговите колешки имаат иста енергија и привлечност, а дали имал нешто со некоја од нив, останува само да шпекулираме.
Погледнете го видеото од Саша:
М. М. | Црнобело
