Саша Ковачевиќ по 8 години клекна на колено и ја запроси саканата: „Ти си мое денес и утре“
- Детали
- сабота, 25 октомври 2025
Српскиот шармер и еден од најпосакуваните ергени, Саша Ковачевиќ, по околу 8 години врска, ја побара за сопруга саканата Зорана Тасовац.

Саша Ковачевиќ конечно ќе се жени. Тој клекна на колено пред саканата Зорана и ѝ подари свршенички прстен, а видеото од интимниот момент го сподели на Инстаграм.
„Ти си мое денес, ти си мое утре“, напиша Саша.

Во видеото се гледа моментот на запросување, кога од задниот џеб на панталоните вади кутија со прстен, реакцијата на Зорана, но и неколку нивни заеднички фотки од изминатите години, а на нив е и ќерката на Зорана од првиот брак, Искра.
Изминатите години новинарите не пропуштаа да го прашаат Саша кога ќе се жени, а тој најчесто одговараше дека не брза и дека со Зорана и Искра се семејство.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
