Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее
- Детали
- сабота, 08 ноември 2025
Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика, а во позадина се слуша глас „Опааа“ и смеа.

Хрватската ѕвезда Северина, вчера го одржа првиот од двата концерта во Загреб (вториот е најавен за денес, 08.11).
Но, додека пееше и скокаше на бината, таа се сопна и падна пред целата публика.

Во тој момент во позадина на видеото се слуша глас „Опааа“ и малку смеа од мажот што го снима видеото.
Сепак, падот не ја спречи да продолжи да пее.
Прво се сврте и легна на грб, па ги крена рацете, а потоа пееше и клекната на бината, но не дозволи непријатната ситуација да ѝ го прекине концертот.
Северина и самата го објави видеото:
А пред самиот настап, таа на Инстаграм објави неколку фотографии и ѝ порача на публиката дека се „нејзината екипа и нејзиното гориво“, па додаде дека едвај чека да излезе на сцената.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
