Наташа Беквалац искрено за бившите: „Би му се вратила на Данило ако морам, а најмногу го повредив вториот сопруг“

„Не се радувам на ниту еден развод но драго ми е што сме изедначени“ – се пошегува Наташа за разводот на бившиот Данило, зборуваше за врската во младоста со 20 години постариот дечко кој сега е покоен, а на прашањето со колку мажи била досега во животот и дали пробала дрога, одлучи да јаде грозна храна наместо да одговори во емисијата на Огњен Амиџиќ.

natasha-bekvalac-iskreno-za-bivshite-bi-mu-se-vratila-na-danilo-ako-moram-a-najmnogu-go-povredi-vtoriot-soprug-01.jpg

По долга пауза, Наташа Беквалац (45) повторно седна на жешкото столче во емисијата на Огњен Амиџиќ.

Таа промовира нов албум, а во гостувањето зборуваше за музиката, но и за приватниот живот.

Очекувано, водителот најмногу се осврна на нејзиниот љубовен живот, кој е прилично бурен и вклучува три разводи.

Нејзина голема љубов во младоста беше бизнисменот Миодраг Костиќ, а во брак беше со Данило Икодиновиќ (2005-2011), Љубомир Јовановиќ (2015-2017) и со Лука Лазукиќ (2017-2019).

Убавата новосаѓанка во гостувањето открива дека новата песна Patologija е посветена токму на нејзината љубов од младоста, покојниот Миодраг Костиќ Коле, кој ја запросил, но никогаш не стигнале до брак.

За него Наташа вели:

„Со него имавме силна космичка врска, тој ми беше голема љубов, најголем учител, но и мачител.

Не сакаше да се занимавам со пеење, не сметаше дека тоа е доволно сериозно за него и не можевме да продолжиме.

Имаше многу погрешни толкувања во јавност, тој тогаш имаше 39 години, а јас бев многу млада, 20 години помлада.

И сега, од аспект на родител, и јас би се шлогирала ако ќерка ми ми каже дека е во врска со некој толку постар, но во тој момент не гледав така на тоа, па со моите родители не разговарав цели 6 месеци“.

natasha-bekvalac-iskreno-za-bivshite-bi-mu-se-vratila-na-danilo-ako-moram-a-najmnogu-go-povredi-vtoriot-soprug-04.jpg

Огњен ја потсети дека „во меѓувреме и Данило се разведе и сега сте 3-3, па некој напиша, Нато легендо, мораш за злато да се избориш“, на што Наташа се насмеа, па одговори:

„Не се радувам на ниту еден развод, но драго ми е што сме 1-1, односно 3-3, изедначени“.

natasha-bekvalac-iskreno-za-bivshite-bi-mu-se-vratila-na-danilo-ako-moram-a-najmnogu-go-povredi-vtoriot-soprug-02.jpgфото: YouTube - принтскрин

Прочитајте и Првиот сопруг на Наташа Беквалац, Данило Икодиновиќ, се разведува од третата жена - со Беквалац сплотени за ќерката

Во рубриката „одговарај и јади“, водителот ѝ предочи дека ако не одговори на прашањата што следат, ќе мора да јаде нешто од залчињата подготвени од готвач – пача, луто цвекло со тиква, поховано јунешко срце со џем од смокви, похован свински мозок, пралина од кафе и ликер, кремаста палента со црвена зелка.

На прашањата дали си пробала дрога, со колку мажи си била досега во животот и со кого е подобро дружењето - Владо Георгиев или со Сергеј Трифуновиќ (двајцата бивши), таа одлучи да проба од „грозните“ јадења.

natasha-bekvalac-iskreno-za-bivshite-bi-mu-se-vratila-na-danilo-ako-moram-a-najmnogu-go-povredi-vtoriot-soprug-06.jpg

На прашањето кој бивши смета дека го има најмногу повредено, Беквалац искрено кажува:

„Од сите бивши, најмногу ми е жал за вториот сопруг Љубо, него го повредив најмногу. За начинот на кој се заврши тоа и за сè друго, му го имам кажано тоа и ми рече океј“.

natasha-bekvalac-iskreno-za-bivshite-bi-mu-se-vratila-na-danilo-ako-moram-a-najmnogu-go-povredi-vtoriot-soprug-05.jpg

Огњен ја стави и пред предизвик да одговори на кој поранешен би му се вратила, доколку баш мора, а таа признава дека тоа би бил Данило.

natasha-bekvalac-iskreno-za-bivshite-bi-mu-se-vratila-na-danilo-ako-moram-a-najmnogu-go-povredi-vtoriot-soprug.jpg

Прочитајте повеќе: Првиот сопруг на Наташа Беквалац објави нејзини голи фотки, го обвинуваа за афери и јавно кажа: „Ми олесни откако се разведовме“

Погледнете го целото гостување на Наташа кај Амиџиќ:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
Наташа Беквалац без влакна на јазик: „Би била интимна со Саша Ковачевиќ, да не му ја познавам сопруг... „Ако на Саша Ковачевиќ не му ја познавав жената, можеби евентуално би одбрала се...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Ја запознал во автобус, по 30 години брак ја замени со друга - Како изгледа првата сопруга на Бајага... „Ема живееше во Земун и се запознавме во автобус во кој се возевме често двајцат...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg