„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за разводот
- Детали
- петок, 14 ноември 2025
„Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи тоа, веќе не бевме заедно, иако на хартија сè уште бевме во брак. Тој требаше да оди на Светското првенство, а јас му дадов ултиматум - или ќе го промени своето однесување или нема да има ништо од нашиот брак. Потоа, демонстративно отидов во Црна Гора на море со Хана“, раскажала пејачката.

Новосадската Барбика, Наташа Беквалац, зад себе има три пропаднати брака и многу неуспешни љубовни врски.
Откако неодамна нејзиниот прв сопруг, Данило Икодиновиќ, и самиот се разведе третпат, тие двајца се често во медиумите и добиваат прашања околу нивниот брак, ќерките, но и дали би ѝ дале нова шанса на љубовта која почна пред повеќе од две децении.

Наташа и самата го предизвика ова откако во едно интервју рече дека ако треба да бира од тројцата бивши мажи, би му се вратила на Данило, од кого се разведе во 2011-та.
Од друга страна, таа иако зборуваше за разводот од него, некои работи ги чуваше за себе, а тоа е неверството од негова страна.

Првпат по 14 години од разводот, во видео интервју за „Скандал“ таа призна дека Данило ја изневерил и дека откако дознала, работите во нивниот брак почнале да одат надолу. Јавноста, пак, со години веруваше дека несреќата на Данило, по која беше во кома, е делумно причината за нивниот развод.
„Се случи одамна, двајцата го преболевме она што го имавме и сега сме во коректен однос.
Кај мажите не е важно како изгледате затоа што кога сте нечија сопруга или долгогодишна девојка, тие повеќе не ве гледаат така, туку ве земаат здраво за готово.
На мажите им е потребна потврда од некој што ќе им се восхитува. Честопати, жените со кои мажите изневеруваат не можат да се споредат со жените или девојките кои се нивни“.

Наташа сега призна и дека во моментот кога сопругот ја доживеал несреќата со мотоциклот, таа и Данило веќе биле во фаза на разделба.
„Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи тоа, веќе не бевме заедно, иако на хартија сè уште бевме во брак.
Тој требаше да оди на Светското првенство во тоа време, а јас му дадов ултиматум - или ќе го промени своето однесување или нема да има ништо од нашиот брак.
Потоа, демонстративно отидов во Црна Гора на море со Хана, која во тоа време беше бебе, со Кристина, која беше четири месеци бремена, и со тетка Мира, која ми помагаше со детето.
Следниот ден се случи неговата несреќа“, раскажала Беквалац во интервјуто.

Таа рекла и дека му била лута на сопругот зашто не ѝ кажал ништо пред да замине.
„Не кажа ќе се промени... Не знаев дека е готово, бидејќи не сум некој што лесно се откажува од љубовта и бракот за кој мислев дека ќе трае до крајот на мојот живот.
Не отидов на море затоа што сакав море, само сакав да избегам од таа атмосфера.
Данило во меѓувреме не ме контактираше, се каравме... Тешко ми е да зборувам за оваа тема бидејќи воопшто не е убаво.“

За несреќата на Данило дознала од политичарот Ненад Чанак, а додала и дека никогаш не сакала мотоцикли и дека трипати продавала мотоцикли кои му припаѓале на тогашниот сопруг.
„Ненад ми се јави и ми кажа дека се случила несреќа. Отсекогаш мразев мотоцикли, ги продадов трипати за да го спречам да вози.
Тој ќе отиде да се подготви, јас ќе го продадам мотоциклот, а кога ќе се врати - немаше мотоцикл! Веднаш ќе купеше нов“.

За ова време Наташа вели дека бил најтешкиот период од нејзиниот живот, но и дека самиот развод бил турбулентен.
„По несреќата, дојде тежок период. Работите што се случија тогаш едноставно укажуваа дека повеќе не можеме да бидеме заедно, дека не можам да функционирам во таков однос.
Имаше недостаток на почит и од негова и од моја страна. Не ме почитуваше, па и јас престанав да му ја давам.
Разделбата не беше убава, не се разделивме мирно, а по разводот, секој си тргна по свој пат.
Единствено кога стануваше збор за Хана, бевме помеки и внимававме таа да не се чувствува напуштена од негова страна“.

Погледнете го целото видео:
А. Ј. | Црнобело
