По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга на Дадо Полумента?

„Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното, имаше едвај 1.000 динари во џеб“ - изјавила русокосата убавица Ивона, третата сопруга на Дадо Полумента, со која го очекува третото заедничко дете, а таа го прифаќа и неговиот син од претходниот брак. 

po-2-propadnati-braka-se-ozheni-so-11-godini-pomlada-chekaat-treto-dete-koja-e-atraktivnata-sopruga-na-dado-polumenta-01.jpg

Црногорскиот поп-фолк пејач Дадо Полумента (42) зад себе има два пропаднати брака, а од 2016-та е во складен брак со атрактивна русокоса.

Станува збор за 11 години помладата Ивона Полумента, со која има две ќерки, а неодамна на Инстаграм споделија дека го очекуваат третото заедничко дете.

Таа го фотографирала голото трудничко стомаче, со ехо снимка врз него и во описот напиша:

„Не знам што сме направиле за да го заслужиме ова.

Но знам дека ова е дар. И дека ќе го чуваме како најтивок доказ дека љубовта секогаш победува.

Ти благодарам животе. По трети пат“.

Пејачот има признаено дека откако ја запознал Ивона се сменил од корен.

Во периодот кога бил на врвот на кариерата честопати паѓал во канџите на пороците, имал низа турбуленции, а никако не успеал да ја пронајде вистинската среќа и љубов додека не ја сретнал неа.

„Таа ме промени на секој можен начин.

Љубовта ја руши секоја тага и го отфрла секое зло, а кога нема тага и зло, и кога љубовта владее, човекот едноставно цвета.

И ништо не му е тешко. Долго ја чекав, но во овие години брак успеав да ја избришам секоја тага од животот и таа успеа да го анулира сето она што ми се случило пред неа“ - изјавил пејачот во интервју за Story.

Јована пак, ја обвинувале дека е со него заради пари, а таа во една прилика изјавила дека го запознала кога бил на дното:

„Кога луѓето ќе ме видат на Инстаграм велат, леле оваа се омажила за пари, или дека носам вакви такви марки.

Кога се запознавме, Дадо имаше 1.000 динари во џебот, дали и беа толку. Најмалку се битни парите.

Тоа што е тој пејач не мора да значи дека има пари.

Луѓето на тој начин зборуваат за себе, секој кој ќе напише таков коментар, покажува што носи во себе“.

Дадо од претходниот брак со Анамарија Кикош го има и синот Доријан, па ова ќе му биде четврто дете, а неговата сопруга го прифаќа со отворено срце во нивното семејство. 

Дорјан е влезен во светот на фудбалот и живее здрав живот, на што татко му е посебно горд, како и дека е паметно и скромно момче, иако пораснало со разведени родители. 

Инаку, Ивана не се појавува многу често во јавност, но сепак е многу активна на социјалните мрежи и често знае да се пофали со својот атрактивен изглед и згодно тело пред своите повеќе од 90.000 следбеници.

Повеќе фотки од неа и семејството:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg