„Моето прво семејство“ - Јована Јеремиќ позира со бившиот сопруг, неговата ќерка oд првиот брак и нивната заедничка ќерка
- Детали
- среда, 27 август 2025
„Моето прво семејство. Мојот прв сопруг со неговата ќерка од првиот брак, ќерка ни Леа и јас“, вели скандалозната српска водителка и открива како функционира по разводот со бившиот.

Јована Јеремиќ од самиот почеток на кариерата важи за една од најскандалозните водителки во Србија.

Но, од друга страна сака да постави добар пример постојано нагласувајќи го добриот однос, кој го негува со поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ, со кого има една ќерка.


Воислав има и постара ќерка од бракот пред оној со Јована.
Сега, нивната заедничка ќерка Леа го прослави својот 7-ми роденден, а тие позираа сите заедно.

Во описот на фотографијата Јована напиша:
„Моето прво семејство.
Мојот прв сопруг со неговата ќерка од првиот брак, Леа и јас“.

Инаку, Јована била во брак со политичарот Воислав Милошевиќ од 2018 до 2022 година, но тие и по разводот постојано се во комуникација, а таа има најдобри зборови за него.

Прочитајте и Српска водителка објави фотка со бившиот сопруг: „Додека сум жива, за него би го поместила небото“
С. С. | Црнобело
