Српска водителка објави фотка со бившиот сопруг: „Додека сум жива, за него би го поместила небото“
- Детали
- вторник, 08 јули 2025
„Мојот прв сопруг и јас останавме најдобри пријатели и по разводот, а јас во шега често велам дека сум јас единствената константа во неговиот живот, односно непроменлива, со која секоја друга мора да биде во добри односи, бидејќи една е лавица - бев и останав, и кога не одеше и кога оди“, вели Јована Јеремиќ за својот поранешен сопруг.

Јована Јеремиќ од самиот почеток на кариерата важи за една од најскандалозните водителки во Србија.
Неодамна таа сподели дека татко ѝ починал, па успеала да се собере и да се појави во емисија во живо, а потоа заминала на погреб.

Во овој тежок период вели дека поддршка ѝ е поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ, со кого има една ќерка.
Таа е во одлични односи со него и вели дека и таа самата му била најголема поддршка по смртта на нејзината свекрва, односно неговата мајка.


За поранешниот сопруг Јована вели:
„Мојот прв сопруг и јас сликани во Столив (село во Црна Гора, лоцирано во Которскиот Залив), кај татко ми.
Тато беше рибар и ловеше лавраци и оради. Од татко ми го имам наследено тоа што најмногу на свет го сакам морските плодови, затоа што месо не сакам и многу ретко јадам.
Тука сум во 9-тиот месец од бременоста.
Бев презгодна трудница и својата бременост ја паметам како најсреќниот период во животот. Тогаш најмногу работев, секој ден се сликав за насловни страници на сите магазини.
Се надевам дека триесеттите се како дваесеттите. Толку ќе кажам.
Мојот прв сопруг и јас останавме најдобри пријатели и по разводот, а јас во шега често велам дека сум јас единствената константа во неговиот живот, односно непроменлива, со која секоја друга мора да биде во добри односи, бидејќи една е лавица – бев и останав, и кога не одеше и кога оди.
Никогаш не го предадов, ниту ќе го предадам.
Додека сум жива, за мојот прв сопруг би го поместила небото и земјата за да го заштитам.
Особено после смртта на мојата свекрва Зока. Мојот прв сопруг е мојот аманет што ми го остави таа, без разлика кој ќе биде мој животен партнер и мојата животна и вечна љубов“.
Од бракот со него, Јована има ќерка:


С. С. | Црнобело
