Јована Јеремиќ по смртта на татко ѝ раскажа за најголемата траума: „Како деца со брат ми ќе се задушевме, губевме воздух“
- Детали
- среда, 02 јули 2025
Скандалозната српска водителка пред неколку дена, откако дозна за смртта на татко ѝ, прво отиде да води емисија, а потоа замина на неговиот погреб. Сега, поттикната од загубата на својот родител, таа раскажа за својата најголема траума од детството.

Јована Јеремиќ од самиот почеток на кариерата важи за една од најскандалозните водителки во Србија.
Но, таа ја изненади јавноста откако минатата недела се појави во емисија во живо, а потоа замина да го погреба својот татко.

Јавноста не знаеше за неговата смрт додека еден од гостите не ѝ изрази сочувство, а таа во само еден момент покажа емоции и малку недостигаше да се расплаче.

По големата загуба, водителката се потсети на еден од најтрауматските моменти во својот живот, а кој се случил во детството.
Јована вели дека малку недостигало за таа и нејзиниот брат да починат, и тоа во семејната кафеана на татко ѝ.

„Кога бев мала, со брат ми се затворивме во витрината за пијалак со мојот брат, а таму нема воздух.
Почнав да се задушувам, имав пет години, тоа е вистина. И мојот брат почна да се задушува.
Почна да губи свест, и јас станав свесна дека ние сега ќе се задушиме, дека тоа е тоа.
Инаку, ова се огромни кафански витрини, таму се чуваат пијалаци, дихтува и не можеш да излезеш.
Братот на Јована
