Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се дрогира“
- Детали
- четврток, 26 февруари 2026
Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопругата Снежана, а потоа и дека се откажа од ќерката единица. Музичарот сега вели дека решиле да си дадат нова шанса, но дека потоа дознал дека поранешната сопруга, која е професорка, имала афера со ученик.

Александар Станимировиќ, познат во јавноста како Аца Амадеус од „Амадеус бенд“ и неговиот скандалозен семеен живот повторно се најдоа во центарот на јавноста.
Откако лани откри дека се разведува од сопругата Снежана со која помина 35 години, а потоа и дека се откажа од ќерката единица, тој сега вели дека минува низ еден од најтешките периоди во својот живот.
Тој тврди дека со сопругата и покрај разводот решиле да си дадат нова шанса, но тоа траело кратко, бидејќи Аца дознал дека неговата бивша жена, која е професорка, го изневерува со свој ученик и тој добил видео на кое се гледа неверството.
„Мене пред три месеци ми исчезна компјутерот од дома. Исчезнаа и 10.000 евра, како и семејното злато. Сето ова беше пријавено во полицијата во Блац.
На видеото што го добив се гледа мојата сопруга со својот ученик.
Мислам дека тој го објавил во јавноста затоа што таа го напуштила“, рекол Аца и додал дека за неверството дознал пред четири месеци.

Нему особено му пречел моралниот аспект на целата приказна.
„Тоа е неприфатливо за мене. Професор и студент, тоа е катастрофа.
Како е можно некој што работи во образование да се впушти во таков однос?“, рекол музичарот.
Тој вели и дека поминал преку многу работи за да се смират, но излезе и со нови обвинувања за сопругата.
„Не можевме да ги надминеме новите проблеми што се појавија. Станува збор за супстанции што ги зема таа , а преку што не можев да поминам.
Верувајте ми, дури и од изговарањето на зборот „дрога“ ми се лоши“, рекол тој.

