Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се дрогира“
Пејачот се осврнал и на односот со ќерката и тврди дека неговата поранешна сопруга му отежнува да ја види ќерка си и дека му поставила услов што тој го смета за неприфатлив.
Претходно во медиумите излезе веста дека Аца се откажал од ќерката, а сега неговата приказна е малку поинаква.
„Се сметам за одговорен и сериозен татко кој го сака своето дете. Таа бара да ѝ префрлам половина од имотот и тогаш ќе се согласи да ја видам ќерката.
Ова се сериозни работи. Се чувствувам како да ме рекетира жена со која сум делел и добро и лошо. Значи, ако дадам пари, тогаш сè е можно“, додал тој.
Тој го објавил и видеото (кое брзо потоа го избришал), а на кое се гледало како неговата поранешна сопруга зема кокаин.

Ќерката Васка, го коментираше видеото за медиумите и тврди дека долго време има проблеми со својот татко, но и дека тој е насилен, а таа и мајка ѝ го пријавиле во полиција.
„Не е нормално татко, каков и да е, јавно да зборува такви работи. Ако за ништо друго, тогаш за своето дете и неговата поранешна сопруга.
Тоа е негов срам. Не е нормално јавно да се клевети себеси и нас вака. Не му должиме ништо.
Ме претепа пред неколку месеци. Сега живеам со мајка ми во Ниш. Ме претепа и ми ја исече косата поради тотална глупост и недоразбирање со моето друштво.
Беше навистина агресивен. Дознав дека се дрогира. Во видеото што беше објавено во јавноста, мајка ми беше претепана и принудена да повлече линија (кокаин). Тој го објавува сето ова од некаков гнев и каприц.
Се надевам дека сето ова ќе се смири, бидејќи ова е пред сè негов срам како јавна личност. Тато зема кокаин.
Не сум во никаков контакт со него. Само сега му се јавив, можеби пред половина час, да му кажам дека она што го кажува не е точно.
Вели дека ме сака и дека сум негово дете. Не паѓам на тие зборови. Никогаш не бил тука за мене во неговиот живот.
Дури и не го паметам од моето детство. Постојано работеше и беше со некои девојки.
Тогаш не се сеќаваше дека има ќерка. Кога ме претепа, го повикав дедо ми да дојде да нè земе. Бевме многу исплашени.
Тој психички ја малтретираше мајка ми. Сега ни се одмаздува зашто избегавме од него. Дознав дека тато зема кокаин“, нагласила таа.

Таа рекла и дека не е вистина дека мајка ѝ имала афера со ученик.
„Ученикот за кој зборува е поранешен ученик на мама. Се допишувале само професионално, без интимност.
Таа ги гледа децата од училиштето со кое работи како свои“, додала Васка.
Прочитајте и Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајка ми, повраќав цела ноќ“
А. Ј. | Црнобело
