Сестрата на Наташа Беквалац со смела фотка од плажа: „Се помислив дали на 40 години треба да објавам фотка во бикини“

Откако Кристина Беквалац објави провокативна фотка од плажа со долга мотивациска порака за жените, нејзината сестра Наташа ги насмеа сите со коментарот: „Баш убаво напиша, но јас би го поедноставила тоа - те боли **р“.

sestrata-na-natasha-bekvalac-so-smela-fotka-od-plazha-se-pomisliv-dali-na-40-godini-treba-da-objavam-fotka-vo-bikini-01.jpg

Модната дизајнерка Кристина Беквалац и нејзината сестра, пејачката Наташа Беквалац се на одмор на Тајланд, заедно со двете деца на Кристина.

Оттаму сестрите споделуваат фотки и видеа, како и интересни моменти кои ги доживеале на патувањето.

Но, со последната објава на Инстаграм, на која е клекната во плиткото со раширени нозе и во црно бикини, Кристина испрати моќна порака до жените кои си ја ускратуваат радоста, слободата, уживањето, но и самодовербата откако ќе наполнат 40 години, а сè поради коментарите од околината.

Поттикната од разговор со близок пријател, маж, таа сподели провокативна фотка, па напиша:

„Пред да ја објавам оваа фотографија, за момент размислував дали е соодветна, бидејќи за еден месец полнам 41 година, а сум во костум за капење и имам две големи деца.

Но, само за момент, и тоа само затоа што имав болен разговор на таа тема со машка личност која ми е важна.

Се фатив себеси како застанувам. Не поради сликата, туку поради прашањето што само по себе се појави: Дали е ова соодветно за моите години?

И тоа ме заинтригира повеќе од самата фотографија. Затоа што никогаш не помислив дека на 41 година, престанува правото на леснотија, на тело, на лето.

sestrata-na-natasha-bekvalac-so-smela-fotka-od-plazha-se-pomisliv-dali-na-40-godini-treba-da-objavam-fotka-vo-bikini-04.jpg

Но некаде по патот, преку туѓите коментари, ставови, непишаните правила, почнуваме да се преиспитуваме себеси.

Не затоа што не сакаме - туку затоа што сме научени да проверуваме дали „смееме“.

Сфатив дека прашањето нема никаква врска со костимот за капење.

Има врска со тоа колку често жените почнуваат да се повлекуваат, да се смалуваат, да стануваат повнимателни кон сопствената радост.

Како возраста да треба да донесе тишина, а не слобода.

sestrata-na-natasha-bekvalac-so-smela-fotka-od-plazha-se-pomisliv-dali-na-40-godini-treba-da-objavam-fotka-vo-bikini-05.jpg

Ова е мал потсетник за мене - да не заборавам колку време ми требаше да се чувствувам добро во сопствената кожа.

И да не го доведувам тоа во прашање сега, кога точно знам која сум.

Нè сакам жени!

П.С. Ја прашав и мојата Пека дали е во ред и таа ми рече: „Мамо, дали си нормална, објави ја веднаш“.

sestrata-na-natasha-bekvalac-so-smela-fotka-od-plazha-se-pomisliv-dali-na-40-godini-treba-da-objavam-fotka-vo-bikini-06.jpg

Иако доби бројни пораки на поддршка, сепак, коментарот на сестра ѝ Наташа ги насмеа сите.

„Преубаво напиша Кико, но јас би го поедноставила тоа... Опушти се и те боли к*р, ха, ха“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...
Наташа Беквалац искрено за бившите: „Би му се вратила на Данило ако морам, а најмногу го повредив вт... „Не се радувам на ниту еден развод но драго ми е што сме изедначени“ – се пошегу...
Наташа Беквалац без влакна на јазик: „Би била интимна со Саша Ковачевиќ, да не му ја познавам сопруг... „Ако на Саша Ковачевиќ не му ја познавав жената, можеби евентуално би одбрала се...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg