Се омажи Мелина за 22 години постариот милионер – тој ја довезе во кабриолет, ќерка ѝ не стигнала на венчавката

Мелина (екс Џиновиќ) сега стана госпоѓа милионерка како што пишуваат српските медиуми, откако го изговори судбоносното ДА во Монако со многу обезбедување – 70-годишниот сопруг ја довезе во луксузно Бентли, а ќерката Џина синоќа била излезена па не стигнала навреме на венчавката.

 se-omazhi-melina-za-22-godini-postariot-milioner-toj-ja-doveze-vo-kabriolet-kjerka-i-ne-stignala-na-venchavkata-01.jpg

Мелина Галиќ, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, денес по вторпат го изговори судбоносното ДА и се омажи за британскиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд Деј (70).

se-omazhi-melina-za-22-godini-postariot-milioner-toj-ja-doveze-vo-kabriolet-kjerka-i-ne-stignala-na-venchavkata-03.jpg

Тие направија граѓанска венчавка во елитната зграда на општината во Монако, која беше со многу силно обезбедување, кое не дозволувало да се прават фотографии.

se-omazhi-melina-za-22-godini-postariot-milioner-toj-ja-doveze-vo-kabriolet-kjerka-i-ne-stignala-na-venchavkata--.jpg

Парот се заколна на вечна љубов пред кумата на Мелина, Гордана Кариќ, а српските медиуми пренесуваат дека го земала неговото презиме Арнолд.

Сега таа е Мелина Арнолдл, а регионалните медиуми ја нарекуваат „госпоѓа милионерка“.

se-omazhi-melina-za-22-godini-postariot-milioner-toj-ja-doveze-vo-kabriolet-kjerka-i-ne-stignala-na-venchavkata-04.jpg

Откако вчера тие уживаа на јахта заедно со роднините и блиските пријатели, денес сопругот Џефри ја довезе саканата во луксузен ретро кабриолет автомобил, за кој се пишува дека е веројатно Bentley кое може да чини до 300.000 евра.

Погледнете видео од пристигнувањето на парот:

На големиот ден за невестата, покрај неа беа нејзиното семејство, како и ќерката Џина која ја поддржува во сето ова за разлика од синот, но сепак не стигнала навреме на венчавката.

Вчера Џина била излезена во Ница, а денес влегла предоцна на венчавката, дури кога веќе младоженците наздравувале.

По граѓанската венчавка, свадбената веселба продолжува во луксузен хотел, а богатите гости се превезуваат од Монако до Портофино со приватни хеликоптери, додека пак, за останатите гости е обезбедено комбе.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Еден израсна во згоден фраер, друг призна дека е геј - Каде се денес популарните момчиња од „Пинкови... Иако нашите Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ стекнаа регионална популарнос...
Ќерката на Харис Џиновиќ се фали со јахтата на очувот од 10 милиони евра - Позира во бањарка, објаву... Џина сподели и видеа на кои во провокативна поза се снима во огледало во својата...
Мелина Џиновиќ се вери со милионер во Монте Карло по разводот со Харис – тој беше разочаран од невер... Додека Харис Џиновиќ зборуваше дека е разочаран од нејзините неверства, Мелина п...
Мајка и ќерка на одмор – Мелина Џиновиќ во лежерно издание со репче позира со Џина, по свадбата со м... Џина сподели ретко видео со мајка ѝ Мелина, која неодамна се омажи за милионер в...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава