Мајка и ќерка на одмор – Мелина Џиновиќ во лежерно издание со репче позира со Џина, по свадбата со милионерот
- Детали
- вторник, 14 јули 2026
Ќерката на Харис Џиновиќ сподели ретко видео со мајка ѝ, која неодамна се омажи за милионер во Монако – мајката и ќерката уживаат на одмор на Миконос со јахтата на очувот, двете дотерани и згодни, а Мелина ретко ја гледаме во лежерно и опуштено издание.

Мелина Џиновиќ периодов често беше во фокусот на јавноста, заради свадбата со милионерот Џефри, која се случи во Монако.
На свадбата присуствуваше нејзината ќерка Џина, која ја има со бившиот Харис Џиновиќ, но не и синот кој повеќе го поддржува татко си во целата ситуацијата со разводот.
Ќерката пак, ужива во луксузот кој ѝ го овозможува и татко ѝ, но и очувот, па често престојува во Монако кај мајка си.
Моментално Мелина и Џина уживаат на заеднички одмор, најверојатно на грчкиот остров Миконос, според некои од кадрите кои ги сподели.
Џина објави видео со мајка ѝ, на кое двете се во бар на плажа, згодни и опуштени, се прегрнуваат и забавуваат.

Ова е ретка пригода во која ја гледаме Мелина во лежерно издание, облечена во летен фустан и со косата фатена во опавче.

Младата девојка пак, сподели и видео со свои другарки низ улиците на грчкиот остров, но им ги покри лицата.

Српските медиуми пишуваат дека Џина патува со јахтата на сопругот на нејзината мајка, кој пак ја гледал како своја ќерка и наводно ја поканил неа со своето друштво.

М. М. | Црнобело