Јулија Мациевска: „Немав пари да си го погребам детето, Андријана го испушти последниот здив кога ја виде ќерка си“
- Детали
- петок, 10 јули 2026
„Немав пари за леб, за бензин, за ништо. Ми помогна професорот на внуката Стефанија. Тие се Турци, муслимани, но тие се моето второ семејство. Дење-ноќе дежураа со нас на онкологијата, додека Ан се бореше последната недела од животот. Никој од моите пријатели, од моите роднини, никој не дојде“, вели Јулија во својата искрена исповед.

Јулија Мациевска, нашата пејачка, новинарка, писателка, сликарка, лајф коуч и мотиватор, жена која одамна е дел од македонската сцена и почитувана од колегите но и публиката, неколку години се носи со болката за починатата ќерка.
Андријана, ќерката на Јулија, почина на 41 година од рак, а зад себе ја остави ќерката Стефанија, која е млада, но исклучително успешна актерка.

На Јулија ѝ требаше долго време јавно да проговори за заминувањето на ќерката во вечноста, но сега, во емисијата кај Давид Давидовски, си ја отвори душата и со многу болка зборуваше за последните моменти на нејзината Ан.
„Јас немав пари со што да си го погребам моето дете.
Јас немав пари ни за леб, ни за бензин, за ништо. А детето мора да се погреба“, почнува да раскажува таа.

Давид ја прашува кој ѝ помогнал во тој момент, а Јулија откри дека тоа го направил професор на нејзината внука Стефанија.
„Ми помогна професорот на Стефанија, класата на Стефанија ми помогна. Тие се Турци, муслимани, но тие се моето второ семејство.
Затоа што тие дење ноќе дежураа со нас горе на онкологијата, додека Ан се бореше во последната недела од животот.
Никој од моите пријатели, никој од моите роднини, никој не дојде. Само тие дежураа дење ноќе со нас.

Стефанија требаше да полага, тоа ѝ беше завршниот испит, имаше главна улога. А Ан треба да замине.
Стефанија сака да игра. Сака да игра. Вели: „Ќе играм, тоа јас ѝ го должам на мајка ми. И она знаејќи дека ова ќе го направам, она утре ќе биде добро“.
И знаеш ли што се случи, дете мое? Отиде Стеф на претстава.
Рече „Мами, јас одам. Ама утре сабајале да ме чекаш. Јас ќе дојдам да ти кажам како поминав“.

А ние се бориме цела ноќ. Вика докторка „Кај и да е сабајалево, очекувај дека таа веќе ќе замине“.
Андријана последниот задив го испушти Стефанија кога влезе“.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело