Дарко Лазиќ откако призна дека спиел со 350 жени: „Давав илјадници евра на проститутки - денес сум среќен со сопругата“
- Детали
- вторник, 07 јули 2026
„Човек кој никогаш не платил за сексуален однос со проститутка, според мене, не е баш нормален. Секој нормален маж пробал сè. А јас сум бил и со црнкинки,“ рекол пејачот во интервју и повторно сподели моменти од своето бурно минато.

Српскиот пејач Дарко Лазиќ отсекогаш бил контроверзен, но и личност без „влакна на јазикот“ која отворено зборува за својот приватен живот.
Но, неговите изјави поврзани со бурното минато, за кое вели дека одамна е зад него, постојано предизвикуваат бура реакции, особено што Лазиќ повремено знае да открие нови детали за себе.

Пред некое време Лазиќ призна дека престанал да брои со колку жени спиел откако ја надминал бројката од 300.
„Сигурно сум бил со повеќе од 350 жени. Кога стигнав до 300, престанав да бројам“, изјавил тој.

Дарко признал и дека своевремено имал и тефтер во кој ги запишувал нивните имиња.
Но, поголема реакција предизвика неговото искрено признание дека во минатото често користел услуги на проститутки, но и дека потрошил вистинско богатство за нивните услуги.
