„Ќерка ми ми е најлош клиент, a не ни плаќа“ – Србинка направи „откачено“ генијална торта, на крај доби критики (видео)
- Детали
- четврток, 23 април 2026
Србинка објави видео од процесот на изработка на генијална торта за својата ќерка, што е потполно јадлива и издржала возење од 30km, а во коментари сепак доби критики од луѓе на кои ништо не им се погодува: „Зошто го критикуваш детето дека ти е најлош клиент / Однадвор е добра, внатре е сува / Ова е без врска и грдо за гледање, претерување“.

Барбара од Србија има своја слаткарница во Белград, а освен многуте торти за клиенти, сега објави и каква торта направила за својата ќерка.
Тортата е вистинска уметност, необично дело, кое делува чудно, но и генијално истовремено, бидејќи ѝ пркоси на гравитацијата - има повеќе катови и тоа нерамномерно поставени еден врз друг.
Идејата е инспирација од „Заспаната убавица“ и тортата што во филмот ја подготвуваат самовилите без да употребат магија, исто како што Барбара успеала без магија да направи ремек-дело.

Видео од оригиналната торта:
Таа сподели видео во кое чекор по чекор го покажува процесот на изработка, а на шега пишува:
„Правам торта за најлошиот можен клиент. Секоја година сака поголема и поголема торта, секоја мора да биде со различен вкус, а таа воопшто не ни плаќа.
Секогаш мора да е како од бајките. Има среќа што ја сакам, затоа што клиентот е мојата ЌЕРКА“.

Во описот на објавата, Барбара открива дека тортата е тешка 12kg и е направена од потполно јадлива конструкција – без стиропори, пречки и компромиси.
„Два дена работа, прецизност и трпение, за секој слој да биде стабилен и секој детаљ да има смисла.
Ја возев низ Белград 30km во најголемата гужва – тоа беше тест кој секоја торта мора да го помине.
И да, стоеше 2 часа надвор од фрижидер без пренесување... бидејќи вистинска торта мора да издржи сè, не само убаво да изгледа“.

Во коментари има многу луѓе кои се восхитуваат на делото кое таа го направила и што ја фалат за тоа што се обидува на ќерката да ѝ ги исполни желбите, но и дека е многу талентирана.
„Уметнице, секоја чест, поклон до земја / Преубава торта / Конечно оригинална идеја да не е како сите други“ – се дел од позитивните критики.
Сепак, како и секаде на Балканот, има и такви на кои ништо не им одговара, па наоѓаат ситници за кои ја критикуваат.

Некои пишуваат дека тортата не е ништо посебно и дека не им се допаѓа, а други отидоа дотаму што ја критикуваат за тоа зошто зборува лошо за своето дете, иако тоа таа го пишува на шега.
„Мене баш и не ми е нешто убава тортата / Однадвор е добра, но внатре е сува / Ова е без врска и грдо за гледање, веќе се претерува / Зошто го критикуваш детето дека ти е најлош клиент“ – гласат негативните коментари.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело